Ким во солзи му се извини на народот на Северна Кореја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун одржа говор на воената парада во Пјонгјанг со „кнедла во грло“ и им се извини на своите сограѓани што не успеал да им ги подобри животите.

Reuters известува дека на прославата за 75-годишнината од основањето на Работничката партија која има целосна моќ во Северна Кореја, тој најпрво им се заблагодари на илјадници војници за сите нивни жртви, вклучително и за помошта во спречување на ширењето на новиот коронавирус во оваа земја.

Лидерот рече дека е благодарен што „ниту еден Севернокореец не е заразен со вирусот“. САД и Јужна Кореја отворено се сомневаат дека Северна Кореја е поштедена од COVID-19.

Сепак, Ким Џонг Ун исто така рече дека влијанието на мерките против пандемијата, меѓународните санкции и влијанието на неколку тајфуни заедно ја спречиле неговата влада да ги подобри животите на своите граѓани.

„Моите напори и искреност не беа доволни да го спасат нашиот народ од животните проблеми“, рече врховниот водач.

На снимката од неговиот говор се гледа како пред расплаканите и потресени војници, како и пред другите граѓани, тој зборува вцрвен во лицето, како со „кнедла во грло“ и во еден момент правеше движење како да си ги брише солзите.

За време на викендот, аналитичарите на Западот забележаа дека воената парада се одржа во крајно невообичаени услови, за прв пат в зори, а сега многумина од нив толкуваат дека овој потег на Ким е показател дека големиот лидер е под голем притисок од неговите политички противници и проблемите во земјата.

ООН претходно соопшти дека 40 проценти од Корејците на Северот немаат доволно храна. Во меѓувреме, според извештаите на различните агенции, ваквата ситуација дополнително ја влошија силните поплави поради тајфунот и дополнителното зајакнување на веќе затворените граници со цел да се задржи пандемијата надвор од границите на Северна Кореја.

Remote video URL
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе