Кина: Светот нема да добие ништо од нова Студена војна, ги разбираме руските барања

Кинескиот амбасадор во Обединетите нации на вонредната итна седница на Генералното собрание на ОН посветена на руската инвазија на Украина изјави дека светот „нема да добие ништо“ од нова Студена војна.

„Студената војна одамна заврши. Начинот на размислување од Студената војна за конфликт мора да се напушти“, рече Џанг Јун од говорницата на Генералното собрание, истакнувајќи дека „сите ќе бидат во загуба“ со враќањето на таквата политика.

Русија е на обвинителна клупа на Генералното собрание на ОН, на „вонредна итна седница“ на нејзините 193 членки кои треба да одлучуваат за руската инвазија на Украина за која одлучи Владимир Путин.

Кина, која не сака да ја осуди Русија за нападот, повика на смирување преку портпаролот на Министерството за надворешни работи Ванг Венбин, кој ги повика завојуваните страни „да останат мирни и воздржани за да се спречи нова ескалација“.

Од избувнувањето на конфликтот, кинеската дипломатија вешто одржува рамнотежа помеѓу политичката блискост со Москва и нејзината традиционална одбрана на „суверенитетот и територијалниот интегритет“ на државите.

Пекинг во петокот не сакаше да гласа за резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се осудува руската агресија, но не се спротивстави, туку се воздржа.

Комунистичкиот режим не сака да зборува за руска „инвазија“ и вели дека ги „разбира“ безбедносните барања на Русија, кои ги смета за „разумни“, согласувајќи се со жалбите на Москва до НАТО.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more
 

Вести

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе