Кинезите направија батерија која трае 50 години без полнење

Кинескиот стартап Betavolt разви батерија за која тврди дека нема потреба од полнење или одржување 50 години.

Како што објави Independent, пробивот во минијатуризацијата на атомската енергија значи дека Betavolt успеале да „напикаат“ 63 нуклеарни изотопи во модул со големина на монета.

Компанијата која стои зад оваа иновација открива дека нивната батерија од следната генерација е веќе во фаза на пилот тестирање. Планот е масовно да се произведува за комерцијална употреба за уреди како телефони и дронови, но сè уште нема информации за тоа кога.

Betavolt објави дека нивниот првичен модел на нуклеарна батерија испорачува 100 микровати моќност на 3V, со димензии 15х15х5 кубни милиметри. Во иднина, компанијата има за цел да ја подобри својата технологија за производство на батерија од 1 вати до 2025 година.

И покрај ова, долгиот век и „бесконечноста“ на батериите можат да бидат проблем за паметните телефони кои обично ги менуваме на секои неколку години, а кои лесно може да се полнат.

Постои уште еден агол што треба да се земе предвид - со загриженоста за радиоактивни материјали, повеќето луѓе би се двоумеле дали да носат нуклеарен уред во џебот. Сепак, Betavolt уверува дека повеќеслојниот дизајн на нивната батерија спречува да се запали или да експлодира.

Нуклеарните батерии работат со претворање на топлината од радиоактивното распаѓање во енергија. Тие обично користат изотопи како што е плутониум-238 и се познати по нивниот долг животен век, кој трае со децении без одржување.

Совршени се за вселенски мисии и локации каде што нема струја, но проблемот е што не се многу ефикасни, а употребата на радиоактивни материјали потенцијално ги покренува безбедносните и еколошките проблеми.

Од компанијата, пак, велат дека „овие батерии се еколошки, а по одреден период на распаѓање, изотопот 63 се претвора во стабилен изотоп на бакар, кој не е радиоактивен и не претставува никаква закана или загадување за животната средина“.

реклама

Хардвер

Време е правилно да ја исчистите тастатурата од трошки, прашина и маснотии

Read more

Претседателот на Huawei фотографиран како користи уред на троен преклоп

Read more

Доаѓа новиот Dimensity чипсет од средна класа - ќе биде моќен како Snapdragon 8 Gen 3

Read more

Дали го оставате полначот во штекер дури и кога не го полните телефонот?

Read more
 

Гик

СЗО одобри вакцина против мајмунски сипаници за тинејџери

Читај повеќе

Кои телефони први ќе го имаат Snapdragon 8 Elite?

Читај повеќе

Решена е вековната мистерија за националноста на Кристофер Колумбо

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да направите совршени есенски фотографии?

Читај повеќе

Вештачка интелигенција ќе ја модерира содржината на TikTok

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најимпресивни проекти на НАСА

Читај повеќе

Која апликација „цица“ најмногу интернет?

Читај повеќе
  • filter

Samsung го претстави Galaxy A16 5G со рекордна софтверска поддршка

Читај повеќе

Лансирана сонда како дел од мисијата за одбрана на Земјата од астероиди

Читај повеќе