ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2021

Кире Ристевски на ЕУРО оди како нов член на кипарски АЕЛ

Левиот бек на македонската фудбалска репрезентација, Кире Ристевски, на три недели пред стартот на Европското првенство ги смени клупските бои и потпиша договор со кипарскиот прволигаш АЕЛ.

Фото: ФФМ

Триесетгодишниот македонски дефанзивец премина во АЕЛ (Атлитики Еноси Лемесу) од редовите на унгарскиот прволигаш Ујпешт, потпишувајќи со клубот од Лимасол договор на две години, со можност за продолжување на соработката за уште една година.

Ристевски е четвртиот фудбалер во кипарското првенство од списокот со 26 репрезентативци што селекторот Игор Ангеловски го објави денеска за настап на ЕУРО, по голманот Дамјан Шишковски од Докса и играчот од средниот ред Стефан Спировски и напаѓачот Иван Тричковски кои ги бранат боите за АЕК од Ларнака.

Битолчанецот има 45 настапи за Македонија за која дебитираше во април 2014 година. Кариерата ја почна во Пелистер, а настапуваше и за Елбасани, Билис Балш и Тиранва во Албанија, Славија во Бугарија, Работнички, како и унгарски Вашаш.

Од Ујпешт си заминува со освоена титука во Купот на Унгарија.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе