Кој телефон е побрз - Nothing Phone (2) или iPhone 14 Plus?

YouTube каналот PhoneBuff ги спореди iPhone 14 Plus и новиот Nothing Phone (2) во брзината на лансирање на различни апликации.

Јутјуберите користеа роботска рака за да постигнат попрецизна споредба, елиминирајќи го влијанието на човечкиот фактор. Паметните телефони доследно ги отвораа различните апликации и игри, при што Nothing Phone (2) имаше малку подобри перформанси од поскапиот iPhone 14 Plus во оваа споредба.

PhoneBuff сметаат дека главен конкурент на Nothing Phone (2) е телефонот iPhone 14 Plus, па ги споредија двата модели, со тоа што новиот Nothing на пазарот почнува по цена од 649 евра, а моделот на видеото кој е користен за овој тест е телефонот (2) 12+256 GB чија цена е 729 евра.

Од друга страна, iPhone 14 Plus на Apple сега е телефон стар една година, кој моментално може да се купи по редовна цена од околу 1290 евра, а тоа е моделот од 128 GB кој беше користен на тестот. Значи разликата во цената на европскиот пазар е поголема отколку на американскиот пазар и цените споменати во видеото.

Телефонот Nothing (2) прв го заврши овој тест со време од 2:50, а iPhone шест секунди подоцна. Во реалниот живот, таквата разлика веројатно не е забележлива, но покажува дека инженерите на релативно младиот бренд Nothing добро ја завршиле работата на уредот.

Исто така, важно е да се спомене дека Nothing Phone (2) го користи процесорот Snapdragon 8 Plus Gen 1, кој некогаш се сметаше за водечки, а сега е Snapdragon 8 Gen 2. Сепак, дури и со тој постар чип, успеа да победи на овој тест за брзина.

Чипот што го напојува iPhone 14 Plus е сопствениот A15 Bionic на Apple. Треба да се напомене дека уредот Nothing има двојно повеќе RAM: 12 GB наспроти 6 GB за iPhone 14 Plus. Во минатото, благодарение на оптимизациите што ги носи iOS, iPhone-ите речиси секогаш ги победуваа своите главни конкуренти на Android, без разлика на RAM меморијата.

„Победата на вакви тестови за брзина против iOS е вистинско достигнување“, „Навистина бев изненаден од перформансите на Nothing Phone 2. Пред да го гледам видеото мислев дека ќе победи iPhone 14 plus“, „Импресивно“, „Многу импресивни перформанси на Nothing Phone 2 кој е поевтин од iPhone 14 Plus“, се дел од коментарите под видеото.

Remote video URL
Тагови
реклама

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе