Колку ќе бара Борусија за Холанд летово?

Борусија Дортмунд речиси сигурно ќе остане без Ерлинг Холанд летово.

Неверојатниот Норвежанец, кој постигна 49 голови на исто толку настапи за клубот, е мета на најголемите европски клубови.

Холанд има клаузула во договорот со Борусија, според која може да биде купен за 70 милиони евра летото 2022 година, но тешко е да се очекува дека некој од заинтересираните клубови ќе почека уште една година.

Холанд е голема желба на Реал Мадрид, каде Флорентино Перез сака да го поврзе со Килијан Мбапе во нападот. Заинтересиран е и Манчестер Јунајтед, каде за малку и ќе завршеше пред една година, како и Челси, но наводно најблиску до потписот на Холанд е Манчестер Сити.

Но, како што пишува ESPN, Борусија сака да го задржи својот најдобар играч уште една година, па летово ќе побара 180 милиони евра за него. Германците се свесни колку е Холанд баран на пазарот, но и дека следното лето може да го изгубат за многу помалку пари.

Во Борусија на овој начин сакаат да бидат во „win-win“ ситуација. Ако сега добијат 180 милиони евра за 20-годишниот Хoланд - добро , ако им остане уште една година – пак добро.

Реал Мадрид добро помина низ КОВИД-кризата, но за да можат да купуваат, ќе мора да продадат некого. Челси летово потроши 250 милиони евра на нови играчи, па тешко е да се очекува дека Абрамович ќе даде уште 180 милиони летово, а Сити е единствениот клуб што може да плати толку многу без поголеми проблеми.

реклама

Фудбал

Лаутаро Мартинес ѝ ја донесе третата победа на Аргентина на Копа Америка

Read more

Најголемиот малер на ЕУРО полуде по дуелот со Германија

Read more

Реал продава играч кој одигра 31 натпревар во текот на 9 години

Read more

Реакциите на децата кои излегуваат со играчите се најубавиот дел од ЕУРО

Read more
 

Спорт

Почнува Вимблдон: Ѓоковиќ ја брани честа на старата гарда, Синер и Алкарас фаворити

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес ѝ ја донесе третата победа на Аргентина на Копа Америка

Читај повеќе

Најголемиот малер на ЕУРО полуде по дуелот со Германија

Читај повеќе

Реал продава играч кој одигра 31 натпревар во текот на 9 години

Читај повеќе
  • filter

Реакциите на децата кои излегуваат со играчите се најубавиот дел од ЕУРО

Читај повеќе

Најпознатата велосипедска трка Тур де Франс за прв пат стартува во Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Што добивате со карти од 30 и од 400 евра за ЕУРО 2024?

Читај повеќе

На натпреварот Турција-Чешка паднаа најмногу картони во историјата на ЕУРО

Читај повеќе

Роналдо на 39 години го истрча најбрзиот спринт во кариерата

Читај повеќе