Колку ќе биде осакатена КОРОНА генерацијата?

Она што порано беше нормално за младите - забави, гледање со пријателите, патувања... веќе не постои. Доаѓа КОРОНА генерацијата, дали ќе ѝ биде подобро?

Во населбата Нојкелн во Берлин во петок навечер порано вриеше од млади луѓе. Но, последиците од зголемувањето на бројот на новоинфицирани лица се гледаат уште во во 21 часот. Баровите се полни колку што дозволуваат мерките за држење растојание, што значи дека се полупразни во споредба со вообичаената петочна гужва.

Гостите седат мирно, со маски на лицата околу масите за билјард, нема редици пред влезовите на кафулињата и клубовите како што имаше до скоро.

И оние малку туристи што ги има, ги бараат остатоците од славниот берлински ноќен живот. Еден случаен минувач вели дека луѓето на триесетина години се потешко погодени од ограничувањата отколку младите: „Можеби бараат некој за да основаат семејство. Ова ги намалува шансите да запознаете некого“.

„Не е како порано“

Десет минути пред задолжителниот фајронт во 23 часот. Пред да се затвори барот, Лајнус пие уште едно пиво. Само што наполни осумнаесет години:

„Да, се придржувам до правилата во врска со короната. Но, ништо не е како порано, кога можеше да одиш наваму-натаму, да танцуваш и да си поминеш една убава вечер“.

Неговиот пријател Лиам додава: „На младите им е тешко да се држат до ограничувањата. Јасно е дека сакаме да се дружиме. Но, исто така е јасно дека треба да ги заштитиме постарите луѓе“.

Овие млади луѓе не го поддржуваат предлогот федералната полиција да биде вклучена во контролирање на придржувањето до мерките. Тие велат дека разбираат ако полицијата интервенира кога станува збор за голем собир со педесет или повеќе лица, но не одобруваат казнување за најмали прекршоци.

Пропуштени шанси

Мајкл Корстен, професор по социологија на Универзитетот во Хилдесхајм, своето истражување го насочи кон „КОРОНА генерацијата“. Тој спроведе истражување меѓу младите за „социјалната дистанца“. Резултатите се изненадувачки:

„Иако оваа генерација рутински користи дигитални социјални мрежи, голем број млади многу добро прават разлика помеѓу реалниот и дигиталниот свет“, вели Корстен.

Тој верува дека пандемиската криза ќе има долгорочни последици врз планирањето на животот кај младите. Веќе постои цела генерација чија иднина е ставена на чекање и мора постојано да наоѓа нова ориентација.

Тоа, според професорот Корстен, може да доведе до голема фрустрација. Некои шанси за стекнување знаење и искуство, како и во приватниот живот, не може да се надоместат, вели тој, и како пример ја наведува вообичаената година волонтирање во странство по завршување на средното училиште.

Професорката по економија Регина Рифан очекува дека оваа генерација ќе има т.н. „ефект на осакатеност“, затоа што младите пропуштија многу од училиштето и факултетот, академски и социјално. Поради кризата, додава Рифан, тие ќе бидат платени помалку по нивното прво вработување отколку генерациите пред нив, а тоа можеби нема да се подобри во текот на целата кариера.

„Нема да си легнеме во 11 во петок навечер“

Петнаесет минути по официјалниот фајронт во Берлин. Тројца пријатели - Неле, Јоланда и Белен - под нормални околности дури сега би излегле во град. Тие штотуку ги завршија студиите или професионалната обука и сметаат дека пандемијата им ја гуши радоста во животот.

„Мислевме дека по студиите или стручното училиште можеме да направиме нешто навистина добро“, вели Неле и се жали дека сè заврши пред да започне: „Сакавме да одиме во странство, навистина да патуваме. Ги имаме дипломите во џеб, а сега сето ова само ни оди на нерви“.

„Сите се помирија со ситуацијата. Но, за многумина тоа значи одземање на нивната лична слобода да не можат да излегуваат навечер. Сепак, на некој начин, тоа ни е потребно“, вели Белен.

Таа додава дека во 11 навечер веќе нема каде да одат.

„Секако, нема да се собереме во поголема група, но сепак нема да си легнеме во 11 во петок навечер“.

Социологот Корстен смета дека ова е природна генерациска потреба: „Прославите на помлада возраст значат и да се ‘изгорите’. Еден млад човек сака да си ги тестира границите. И тоа заедно со други луѓе “.

КОРОНА генерацијата се подготвува за нови ограничувања. Вие млади луѓе велат дека ќе ги почитуваат сите мерки. Но, на сите им е јасно дека ќе пропуштат многу од берлинските ноќи.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Живот

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе