Фудбалерите на Реал Мадрид Лука Модриќ и Марсело се заразени со коронавирус, соопштија од клубот.
На редовното тестирање на коронавирус во мадридскиот тим, позитивни резултати добија Лука Модриќ и Марсело.
И двајцата играчи ќе ги пропуштат натпреварите од првенството. Се очекува дека ќе бидат подготвени за првиот натпревар во 2022 година.
Хрватот и Бразилецот добија позитивни резултати по само 3 дена од градското дерби против Атлетико. Модриќ одигра 90 минути, а Марсело не играше.