ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2022

Кулушевски откри дека поради Конте дошол во Тотенхем

На последниот ден од преодниот рок Тотенхем го купи Дејан Кулушевски од Јувентус, а играчот денеска откри дека не само што отсекогаш сакал да игра вио Премиер лигата, туку и сакал да работи под Антонио Конте.

Швеѓанецот со македонско потекло доаѓша на 18-месечна позајмица која ќе го чини тимот од Северен Лондон 10 милиони евра со тоа што целокупната сума може да достигне дури до 45 милиони.

Кулушевски веќе беше претставен во Тотенхем, а на своето прво интервју откри и зошто го одбрал токму овој клуб.

„Многу сум среќен што сум тука. Важно е да биде забавно играњето. Се преселив во Аталанта во Бергамо кога имав 15 години, беше интересно, но и тешко. Многу ми недостасуваше фамилијата, дури и ден денес, иако е поинаку. Беше фантастично искуство и се сеќавам на сѐ. Една година минав на позајмица во Парма каде по само неколку дена почнав да се чувствувам комотно и оттогаш уживам во фудбалот“, почна тој.

URL

Во јануари 2020 година Јувентус го купи од Аталанта за 44 милиони евра, но го остави да игра во Парма сѐ до летото.

„Во Јувентус имав две интензивни години со двајца различни тренери. Научив многу играјќи со некои од најдобрите играчи на светот. Беше одлично искуство, но Премиер лигата е најдобрата лига во светот, онаа која секогаш ја гледаме во Шведска. Едноставно, ова е поинаков свет. Секогаш си мислев: 'Кога ќе одам таму, кога ќе одам таму'. Сега ми се отвори можност и не размислував двапати“.

Во Тотенхем ќе соработува со Антонио Конте кој сакаше да го донесе во Интер кога Дејан потпиша за Јуве.

„Едвај чека да почнам да работам со тренерот. Го знам од Интер, тој е победник, а тоа сакам да бидам и јас. Воедно, тој е и дел од причината поради која дојдов тука. Ќе го слушам, тој знае што зборува, а неговите тимови секогаш работат напорно и поради тоа и го почитувам“, заврши Дејан.

Кулушевкси може да дебитира уште в сабота кога Тотенхем на домашен терен го пречекува Брајтон.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе