Лавров: Ситуацијата во Украина е резултат на неконтролираното ширење на НАТО

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека му рекол на генералниот секретар на ОН, Антониу Гутереш, оти ситуацијата во врска со Украина во голема мера е резултат на неконтролираното ширење на НАТО.

– Како што гледаме, и тоа денеска му го објаснив на нашиот колега и пријател Антониу Гутереш, оваа ситуација е резултат на политиката на неконтролирано ширење на НАТО и инсистирање на монополарен свет, што го спроведуваат нашите американски колеги и нивните сојузници, рече Лавров на прес-конференцијата по средбата со генералниот секретар на ОН.

Тој додаде дека во фокусот на разговорите со генералниот секретар на ОН била ситуацијата во Европа, вклучително и настаните поврзани со Украина и самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск и оти до оваа состојба „не се дошло вчера“.

Рускиот министер за надворешни работи рече дека Русија е посветена на дипломатско решение на конфликтот во Украина, но го отфрли предлогот на Киев за одржување мировни преговори во украинскиот пристаништен град Мариупол, додавајќи дека е премногу рано да се зборува за тоа кој ќе посредува во какви било преговори.

Лавров изрази благодарност до генералниот секретар на ОН и неговиот тим за разбирањето на потребата „да се гледа ситуацијата во и околу Украина во контекст на глобалните процеси, а не изолирано од нив, и за препознавањето на трендовите во тие процеси кои земаат замав и не се секогаш во согласност со идеалите на ОН и со принципите содржани во Повелбата на ОН“, пренесоа руските медиуми.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе