Легендарниот Гути ѝ се отвори на Дилета Леота

Легендарниот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Гути Ернандес, зборуваше за кралскиот клуб во емисијата Linea Diletta што ја води италијанската новинарка Дилета Леота.

Тој истакна дека овој Реал е посилен отколку во ерата Галактикос и дека особено жали што не можел да игра со Шпанија на Светско или Европско првенство.

„Тоа е магијата на Реал Мадрид. Кога гледате натпревар на Реал, дури и кога тие губат, мислите дека ќе победат. Тоа е магијата на Реал Мадрид затоа што секогаш мислите дека можат да победат“, рече Гути, а потоа призна дека многу го боли што не игра на големо натпреварување за шпанската репрезентација.

„Има една работа која многу ме боли, а тоа е што не можев да играм на Светско или ЕП со Шпанија. Мислам дека не го заслужив тоа и дека требаше да играм“, додаде тој.

Гути се збогуваше од фудбалот во 2011 година како играч на Бешикташ, а се присети на еден од најдобрите потези во кариерата, асистенција на Карим Бензема против Депортиво со пета.

Реал Мадрид гостуваше во култниот Риазор, каде немаше победа повеќе од 18 години. Гранеро ги доведе Лос Бланкос во водство, а потоа Бензема на асистенција на Гути ја потврди победата за кралевите.

„Најдоброто е што Бензема ја следеше играта, можеше да застане и тогаш моето додавање немаше да има значење. Ќе беше полесно да шутирав, но тогаш никој немаше да се сеќава на тој гол“, објасни Гути и продолжи за сегашниот состав на „кралевите“.

Remote video URL

„Овој Реал Мадрид е веројатно еден од најдобрите тимови што сум ги видел, тие се многу подобри од ерата Галактикос. Тогаш имаше многу ѕвезди, но сега ова е врвен тим, а ако дојде Килјан Мбапе ќе биде тим кој ќе означи една ера, не само во шпанскиот, туку и во европскиот фудбал“, додаде тој.

Овој 47-годишен играч за Реал играше 15 години, по што се пресели во Бешикташ каде се збогуваше од фудбалот, а на 14 настапи за Шпанија постигна три гола.

реклама

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Read more

Најмалку 96 загинати кај Сеута; Спасувачите: Глетката беше ужасна

Read more

Од последиците од невремето се создава нова вредност за Водно и Скопје – во подготовка нов моторички парк од паднатите дрвја

Read more

Како правилно да замрзнете малини за да нема мраз на нив?

Read more

Фудбал

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Read more

Винисиус го продолжи договорот со Реал

Read more

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со 4 бомби

Read more

Откажан натпреварот на Барса во Мароко поради мигрантската криза

Read more

Спорт

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Читај повеќе

Винисиус го продолжи договорот со Реал

Читај повеќе

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со 4 бомби

Читај повеќе

Откажан натпреварот на Барса во Мароко поради мигрантската криза

Читај повеќе

Инфантино доби поддршка од Африка, Аргентина и Мексико

Читај повеќе

Манчини го комплетираше тренерскиот штаб на Италија: Бонучи е последна аквизиција

Читај повеќе

Неговиот совет мора да се послуша: Пеп го убедил Родри да го одбие Реал и да оди во Барса

Читај повеќе
  • play_arrow

Маркес: Фаворит сум за титулата, но уште една нема да ми го промени животот

Читај повеќе

Улична банда со бекатон претепа до смрт фудбалер во Уганда

Читај повеќе