Левица ја поднесе иницијативата за референдум

Политичката партија Левица денеска до Собранието ја поднесе иницијативата за референдум околу контроверзниот француски предлог.

Прес-конференмција одржа пратеникот и член на Президиумот на парттијата, Димитар Апасиев, кој соопошти дека иницијативата и официјално била поднесена.

„Денешната прес-конференција ја свикав по повод поднесувањето на предлог, односно барање за покренување на граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување на задолжителен дополнителен референдум. Согласно член 73 од Уставот на РМ и член 24 од Законот за референдум, Левица, односно јас како физичко лице, иницираме постапка за отпочнување на собирање најмалку 150.000 потписи.
Гледате колкава е бирократската процедура. Денес до архивата на Собранието ќе поднесеме 150 страни материјал. Согласно законската процедура, материјалите се доставуваат до претседателот на Собранието“, рече тој.

Референдумското прашање кое Левица од одбра гласи „Дали сте за продолжување на преговoрите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година?“.

„Сметаме дека ваквото чесно формулирање на прашањето е правно коректно и издржано и затоа не очекуваме пречки во понатамошниот тек на постапката. Сакаме да ги потенцираме проблемите со кои се соочивме. Покрај законски речиси најтешкиот процес за собирање потписи во Европа, имаме и недоволна екипираност на ДИК, па така имавме случаи на оневозможување на процесот во триесетина општини каде собиравме потписи. Граѓаните од Прилеп, Крушево и Ресен требаше да одат во Битола за да се потпишат, граѓаните од Охрид во Струга, граѓаните од Радовиш во Струмица, додека од Неготино и Демир Капија во Кавадарци. Во овој момент постои недоволна екипираност на подрачните единици на ДИК, што при процесот на собирање на 150.000 потписи може да биде сериозен проблем. Во оваа фаза, собрани се околу 750 потписи кои денес ги поднесуваме до архивата на Собранието“, додаде професорот по римско право, Апасиев.

Remote video URL
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе