Лосос печен во рерна на четири начини
Лососот е одличен извор на протеини и треба да го вметнете во вашата редовна исхрана најмалку еднаш во неделата. Една порција лосос ќе ги задоволи вашите дневни потреби за витамините B12 и D, како и омега 3 киселини и антиоксиданси.
Оваа риба е идеален избор за брзо и лесно јадење, особено ако ја комбинирате со зеленчук. Tasty во ова видео претставува четири различни начини како да го зготвите лососот во рерна, завиткан во хартија за печење.