Луѓето родени во 90-тите имаат полошо ментално здравје од која било друга генерација

Луѓето родени во 90-тите имаат полошо ментално здравје од која било претходна генерација, покажа ново истражување.

Истражувачите од Универзитетот во Сиднеј во Австралија користеле анкети за да го следат менталното здравје на речиси 30.000 возрасни лица во текот на една деценија.

Тие откриле дека најмладата генерација поминала најлошо, но и дека нивните емоционални проблеми покажале малку или никакво подобрување во текот на студијата, за разлика од постарите генерации.

„Првенствено вината на социјалните мрежи, што ги натера учесниците да се чувствуваат како да не се доволно добри“, заклучува студијата.

Од 2010 до 2020 година, истражувачите ги следеле луѓето родени во секоја деценија, почнувајќи од 40-тите и завршувајќи во 90-тите. Тие потоа го споредиле менталното здравје на секоја група.

„Долго се сомневаше дека луѓето во триесеттите се ментално во полоша состојба во споредба со оние во педесеттите. Ова е првпат да се докажува тоа“, вели водечкиот автор на студијата, д-р Ричард Морис.

Д-р Питер Болдвин од Институтот Black Dog тврди дека технологијата е во голема мера виновна. Тој објасни дека луѓето родени во 80-тите имале интернет, но оние родените во 90-тите имале и социјални мрежи.

„Младите сакаат да знаат дали припаѓаат и дали се доволно добри. Ако отворите Instagram и видите сто супермодели, спортисти и претприемачи, многу е тешко да се натпреварувате со нив“, додаде тој.

Австралиското истражување беше објавено во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences.

реклама

Откриен нов вид „екстремно агресивна“ змија

Read more

Тројца исчезнати туристи во Грција најдени мртви

Read more

Ангелов бара кружен тек кај збунувачката крстосница со чести сообраќајки во Аеродром

Read more

Најздравата риба во светот што треба да ја јадете еднаш неделно

Read more

Здравје

Најздравата риба во светот што треба да ја јадете еднаш неделно

Read more

3 суплементи кои не треба да ги земате на своја рака

Read more

Што ќе ве разлади подобро - топла или ладна вода за пиење?

Read more

Што се случува во телото ако јадете спанаќ секој ден?

Read more
 

Магазин

Три работи што апсолутно ви се потребни ако сакате успешна врска

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Пилешко „а ла Тоскана“

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 17 до 23 јуни

Читај повеќе

Внимавајте: Отровната риба змеј може да се сретне во Грција, Хрватска, Црна Гора и во Албанија

Читај повеќе

Како телото ви сигнализира дека не се движите доволно?

Читај повеќе

„Само додај Coca-Cola“ – прва кампања во Македонија целосно креирана со AI

Читај повеќе

5 уреди кои секогаш треба да ги исклучите пред да одите на одмор

Читај повеќе

Најздравата риба во светот што треба да ја јадете еднаш неделно

Читај повеќе

3 суплементи кои не треба да ги земате на своја рака

Читај повеќе