MacBook Air со M3 процесор пристигнува во март, Apple ги претстави новите iPad Pro и iPad Air

Apple планира да претстави неколку нови уреди во 2024 година, според новинарот на Bloomberg, Марк Гурман.

Гурман вели дека компанијата од Купертино во март ќе претстави нова генерација таблети iPad Pro и iPad Air, од кои секоја ќе биде достапна во две големини.

Но, тоа не е сѐ, бидејќи Apple на пазарот носи и нови MacBook Air лаптопи со M3 процесор. Сепак, Mac Studio и Mac Pro ќе се приклучат на „М3 забавата“ подоцна, а според Гурман, тоа нема да се случи барем до крајот на 2024 година, односно можеби нема да пристигнат до 2025 година.

Со доаѓањето на новиот iPad, Apple планира да ги направи појасни разликите меѓу моделите за изборот да биде помалку збунувачки за клиентите. iPad Pro на Apple треба да добие нов M3 процесор, OLED екран и две опции кога станува збор за големината, односно 11 и 13 инчен модел. Исто така, се очекува нова Magic Keyboard наменета само за Pro моделот.

Новиот iPad Air ќе пристигне како 10,9, но и како модел од 12,9 инчи, а ќе го користи M2 процесорот. Промените треба да направат појасна разлика помеѓу iPad-ите од високата класа, од средната класа и стандардните, за клиентите полесно да одлучат што најмногу одговара на нивните потреби.

Што се однесува до MacBook Air со M3 процесор, Гурман тврди дека и тој најверојатно ќе пристигне во март во вообичаените големини од 13 и 15 инчи. Тогаш Apple би можел да го повлече својот M1 MacBook Air, кој пристигна во 2020 година.

Моделите од повисока класа, Mac Studio и Mac Pro, ќе бидат последни што ќе ја добијат надградбата на M3.

Тагови
реклама

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Голем финансиски хороскоп за месец мај

Read more

Почнува хаос: Нема струја во Шпанија, Португалија и Франција

Read more

Хардвер

Razer го претстави својот прв вертикален глушец

Read more

Како да препознаете дали вашиот USB-кабел е хакиран?

Read more

Во ЕУ стапува на сила законот за USB-C полначи

Read more

Samsung патентираше таблет со екран што може да се витка

Read more
 

Гик

Британија забранува извоз на гејминг контролери во Русија, се користеле за убивање луѓе

Читај повеќе

Нов имунотерапевтски лек ги елиминира туморите кај некои видови рак во рана фаза

Читај повеќе

Маск: За 5 години роботите ќе бидат подобри од најдобрите хирурзи

Читај повеќе

Apple планира драстични промени за јубилејниот iPhone

Читај повеќе

Зошто сите руски космонаути мочаат на гума од автобус пред да полетаат во вселената?

Читај повеќе

Вештачката интелигенција лаже за тоа како размислува

Читај повеќе

Побиена теоријата за потеклото на водата на Земјата

Читај повеќе

Google Earth од XV век: Приказна за монахот кој го мапирал светот

Читај повеќе

Razer го претстави својот прв вертикален глушец

Читај повеќе