MagicScroll, таблет со екран што се витка
Тим научници и инженери од Human Media Lab од Универзитетот Квинс претстави таблет наречен MagicScroll со екран што се витка.
Таблетот има 7,5-инчен флексибилен екран што може да се свитка во ролна и по потреба се извлекува. Може да се користи и за телефонирање, а е практичен бидејќи е малечок. Научниците планираат прототипот да го намалат и да го направат применлив во секојдневниот живот. Доаѓа во 2K резолуција, додека во внатрешноста на цилиндарот од кој се одмотува се наоѓа потребната електроника: процесор, безжична радио опрема и други делови.