ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР

Македонија ја преслуша Ерменија и им се врати на победите

Филип Здравески
/ 17.10.2023 / 17:03

Македонската фудбалска репрезентација во Струмица со 3:1 ја совлада Ерменија со головите на Трајковски, Ристовски и Даци и на одличен начин ја искористи паузата во квалификациите.

Фото: ФФМ

Како што и најави на синоќешната на прес-конференција, селекторот Благоја Милевски од првата минута шанса им даде на некои од играчите со помала минутажа, како и на дебитантот Митровски. Македонија почна со: голманот Дамјан Шишковски, во одбраната Висар Муслиу, Никола Серафимов и Ахмед Иљазовски, во средината Димитар Митровски, Аријан Адеми и Исник Алими, по крилнните позиции Александар Трајковски и Бојан Димоски, а во нападот Елиф Елмас и Милан Ристовски. За играчот на Наполи ова беше прв пат да ја носи капитенската лента.

Од самиот почеток Ерменија почна многу повлечено, па Македонија ја имаше иницијативата и го држеше поседот. Се играше на гостинската половина, каде сите единаесетмина Ерменци беа напикани бранејќи го голот.

Иако создаде неколку шанси, Македонија не ја искористи иницијативата во воведните дваесетина минути, па потоа Ерменците малку се опуштија и заиграа послободно, а и на двапати се заканија.

На две минути пред паузата конечно Македонија погоди. Елмас асистираше за Трајковски, кој го постигна својот гол број 21 во националниот тим.

На паузата селекторот Милевски не направи ниту една измена, па за прв пат промени во 55. минута кога Јани Атанасов и Дарко Чурлинов влегоа во игра. По само 4 минути Ристовски го дуплираше водството кога Елмас од лево шутираше, ја погоди десната статива, топката се одби пред Ристовски кој веднаш ја искористи укажаната прилика и заби в гол.

Како што се редеа измените на двете страни, така опаѓаше и темпото, иако Македонците и натаму делуваа далеку поразиграни и порасположени. А, и досадниот дожд непрекинато врнеше во текот на целиот натпревар.

Во 88. минута падна третиот гол. Нововлезениот Ердон Даци, инаку дебитант, од половина терен во фор го проигра Елмас лево, овој истрча и влезе во шестнаесетникот, Даци исто така го следеше, Елмас го проигра, за момент пресече гостинскиот капитен, но Даци потоа ја собра топката пред ерменскиот голман и од свртување погоди во мрежата.

Кога сите мислеа дека Македонија ќе запише победа без примен гол, длабоко во надополнувањето Ерменците изведоа слободен удар од нашата десна страна. Сперцјан упати не толку силен удар речиси по земја, но нашиот голман Шишковски катастрофално реагираше подарувајќи ѝ гол на Ерменија за конечни 3:1.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе