КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Манчини: Оваа Италија можеше да го освои Светското првенство

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, уште еднаш зборуваше за своето разочарување од елиминацијата на неговите избраници од Светското првенство 2022.

„И покрај големото разочарување, задоволен сум што се цени работата што ја направивме во изминатите четири години. Освојувањето на ЕУРО 2020 не е наше единствено достигнување. Момците заслужуваат признание за постигнатото. Имаме посебен тим. Требаше да победиме во нашата квалификациска група за Светско првенство со најмалку два бода предност пред Швајцарија. Во Базел требаше да победиме со 3:0. Од септември постојано немаме среќа, но не можам да ги обвинувам играчите, тие покажаа добар фудбал. Направивме грешки и не ги претворивме нашите шанси во голови. Сега имаме можност да додадеме млади играчи во тимот, кои, се надевам, ќе ги добијат своите шанси во клубовите. Можеме да го следиме потенцијалот на младите момци. Овој тим со мало засилување можеше да го освои Светското првенство“, изјави Манчини.

Тој најави промени во составот на следните натпревари на Италија.

„Треба да ја подготвиме репрезентацијата за Европското првенство кое ќе се одржи за две години. Ова е наша работа. Сакав да освојам Европско и Светско првенство. Сепак, за Мундијалот ќе мора да почекам, но ми се допаѓа оваа работа и сакам да направам нешто важно овде. Ако го земеме предвид нашето разочарување, тогаш сѐ останато тече како и обично“, додаде селекторот на „Аѕурите“.

Италија не успеа да го помине полуфиналето во баражот за пласман Мундијалот 2022 откако на 24 март во Палермо загуби од Македонија со 1:0 со гол примен во 2. минута од судиското надополнување.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе