Марота: Лукаку замина во Челси по пари

Извршниот директор на Интер го обвини Лукаку дека си заминал лаком по пари, но и дека неговата замена Џеко не е воопшто послаба од него.

Ако заминувањето на Меси беше шок за навивачите на Барселона, заминувањето на Ромелу Лукако беше нешто слично за „Нераѕурите“. Белгискиот џин се етаблираше како расен голгетер во црно-синиот дрес, но ненајдено по само две сезони реши да замине.

Џузепе Марота вели дека тоа го направил исклучиво поради платата, која Челси сега му ја дава дупло поголема од онаА која ја земаше во Интер, каде што сепак добиваше неколку милиони, небаре беа малку.

„Лукаку си замина за да ја дуплира својата плата. Во Италија такви бројки не постојат. Во денешно време не можеме да правиме такви луди инвестиции, не би ми дозволиле да го купам Лукаку ни за 75 милиони евра. Потребни ни се редуцирани и специфични инвестиции“, вели Марота во интервју за Il Corriere della Sera.

„Лукаку го продадовме за 115 милиони евра, а го донесовме Џеко за беспари. На теренот, нема многу разлика меѓу нив двајца“, додава.

Интер експресно најде замена и тоа во босанскиот дијамант Един Џеко, докажан голгетер во Серија А чиј договор со Рома истече, па во Милано дојде без Интер да плати ниту цент.

Популарниот Плави дијамант сезонава постигна 6 гола на 8 натпревари во Серија А и 1 гол на 3 натпревари во Лигата на шампионите. Лукаку, пак, во Челси постигна само 3 гола во Премиер лигата и 1 во Лигата на шампионите, а згора на тоа сега и се повреди.

Можеби Интер направи добра зделка, но треба да се имаат предвид и годините на играчите: Лукаку има 28, додека Џеко дури 35.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе