Медведев: Јапонскиот премиер тропа глупости за Русија, треба да изведе харакири

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев денеска го обвини јапонскиот премиер Фуми Кишида за послушност кон САД и предложи тој да изврши ритуално самоубиство.

Јапонскиот премиер го посети Вашингтон за да го зајакне сојузот меѓу Јапонија и САД наспроти растечките предизвици од Кина и предупреди дека Русија не треба да користи нуклеарно оружје во Украина.

„Силно се спротивставуваме на какви било еднострани обиди за промена на статус квото со сила или принуда, каде било во светот“, се вели во заедничката изјава.

„Ова е толку монструозен срам што нема ни да коментирам за паранојата за нуклеарните планови на нашата земја. Размислете за тоа. Шефот на јапонската влада во понижувачки, лојален занес тропа глупости за Русија. Тој го предаде споменот на стотиците на илјадници Јапонци кои загинаа во нуклеарниот напад на Хирошима и Нагасаки“, напиша Медведев на Telegram.

Тој исто така рече дека Кишида е „само слуга“ на Американците и дека „слугите не можат да бидат храбри“.

„Можеме само да ги жалиме Јапонците. На крајот на краиштата, таквиот срам може да се измие само со извршување сепуку веднаш на следната седница на нивната влада. Иако концептот на чест кај оваа генерација јапонски вазали не е вообичаен“, напиша Медведев.

Сепуку е ритуално самоубиство на припадниците на класата на јапонски воини и великани, кај нас попознати како харакири.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе