Microsoft ја купува компанијата за препознавање говор Nuance за 16 милијарди долари

IT гигантот подготвува уште едно големо преземање за само неколку месеци.

До крајот на оваа година ќе ја купи компанијата за препознавање говор Nuance Communications за околу 16 милијарди долари, односно околу 19 милијарди долари, вклучувајќи ги долговите.

Nuance генерира приходи со продажба на алатки за идентификување и препознавање говор при посети на лекар, повици во служби за услуги на клиенти и говорна пошта. Microsoft соопшти дека технологијата на Nuance ќе се користи за проширување на Cloud производите за здравствена заштита на Microsoft, лансирани минатата година.

Спојувањето со Nuance претставува најголема аквизиција на Microsoft откако компанијата на Бил Гејтс го купи LinkedIn во 2016 година за повеќе од 26 милијарди долари. Минатиот месец, Microsoft ја заврши аквизицијата на Zenimax за 7,6 милијарди долари. Компанијата, исто така, наводно е во преговори за купување на chat апликацијата Discord за околу 10 милијарди долари, а исто така Microsoft лани се обиде да го купи TikTok за околу 30 милијарди долари, но тој договор пропадна.

Апликациите на компанијата Nuance може да се најдат во телевизорите на Samsung и автомобилите BMW.

URL

Извршниот директор на Microsoft, Сатиа Надела, ги истакна алатките на Nuance што се користат во здравството како клучна причина за купувањето.

„Видовме големо забрзување во дигиталната трансформација, особено во здравството“, рече Надела.

Microsoft соопшти дека раководството на компанијата нема да се промени и дека работењето на компанијата ќе го надгледува раководителот на секторот во Microsoft задолжен за Cloud и вештачката интелигенција. Иако Microsoft веќе има вградено препознавање на глас во многу свои производи, неодамна исклучи од понудата некои производи со дигиталниот асистент Cortana, а бидејќи Nuance има добра репутација за технологијата за препознавање глас и се смета за потенцијална цел за компании како Apple, дополнителната експертиза во оваа област ќе им помогне на тимовите на Microsoft.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе