На небото над Калифорнија е фотографиран мистериозен авион, а американските воздушни сили не сакаат да го коментираат овој случај.
Американските медиуми пишуваат дека би можело да станува збор за тајното летало RQ-180, проект на компанијата Northrop Grumman.
Фотографијата е објавена на Instagram, па е отстранета, за потоа да се појави на Twitter.
Авионот е фотографиран во близина на базата Едвардс во Калифорнија, скоро година дена откако американските воздушни сили во служба го ставија авионот RQ-180, наменет за извидување од големи висини.