Moderna: Вакцините против рак и срцеви заболувања ќе бидат готови до 2030 година

Водечката американска фармацевтска компанија Moderna објави дека е уверена оти вакцините против рак, кардиоваскуларни и автоимуни болести, како и други состојби ќе бидат готови до 2030 година, објави денеска Guardian.

Главниот медицински директор на Moderna, д-р Пол Бартон, рече дека верува оти компанијата ќе може да понуди вакцини против „сите видови болести“ за само пет години. Компанијата, која ја произведе водечката вакцина против коронавирусот, сега развива вакцини против рак кои таргетираат различни видови тумори.

„Ќе ја имаме таа вакцина и ќе биде многу ефикасна и ќе спаси стотици илјади, ако не и милиони животи. Мислам дека ќе можеме да им понудиме персонализирани вакцини против рак, против многу различни видови тумори на луѓето ширум светот“, истакна Бартон.

Тој рече дека повеќе респираторни инфекции може да бидат покриени со една вакцина, што ќе им овозможи на луѓето да бидат заштитени од коронавирус, грип и респираторен синцицијален вирус (RSV), додека терапии со mRNA може да бидат достапни за ретки болести за кои во моментов нема лек. Терапиите базирани на mRNA се засноваат на поттикнување на клетките да произведат протеин кој предизвикува имунолошки одговор против болеста.

„Мислам дека ќе имаме терапии засновани на mRNA за ретки болести кои претходно биле неизлечиви и мислам дека за 10 години ќе се приближиме до свет каде што всушност ќе може да ја идентификувате генетската причина за болеста и да се излекува сè користејќи технологија базирана на mRNA“, објави Бартон.

Вакцината за рак базирана на mRNA ќе го предупреди имунолошкиот систем за ракот што веќе расте во телото на пациентот, за да може да го нападне и уништи, без да ги уништи здравите клетки.

Научниците, пак, предупредуваат дека забрзаниот напредок постигнат во последните три години ќе биде залуден, доколку не се задржи високото ниво на инвестиции.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе