AS: Модриќ останува во Реал уште една година

Лука Модриќ одржа состанок со Флорентино Перес и беше договорен неговиот престој во клубот и следната сезона.

Капитенот на хрватската репрезентација ќе го продолжи договорот со Реал на уште една година и ќе продолжи да ги испишува страниците на славата со својот омилен клуб. Ова го пренесува AS во потврдата за продолжувањето на договорот на Модриќ и мадридскиот гигант.

„Како што знаете, неговиот договор важеше до крајот на сезоната и имаше голема неизвесност за неговата иднина. Не поради неговите настапи (кои не се во прашање) или неговата возраст (неговата физичка подготвеност е неверојатна), туку поради политиката на клубот“, пишува AS, потсетувајќи на праксата на Реал со договори за постари играчи, додава дека дознал дека „најважниот чекор Лука да остане во Мадрид до 30 јуни 2024 година е веќе направен“.

Перес е воодушевен од Модриќ

„Модриќ неодамна лично разговараше со Флорентино Перес за да му ја пренесе својата приоритетна желба, а тоа е да продолжи уште една година на новиот Бернабеу и да го напушти клубот во голем стил во 2024 година“, продолжува текстот и се посочува дека прекрасната кариера на Модриќ би требало следната сезона да стигне до 500 одиграни натпревари за Реал.

Перес со ентузијазам го пречека Модриќ, истакнува и потсетува дека хрватскиот играч за врска има понуда од 25 милиони евра по сезона од Саудиска Арабија. Му се нуди договор на две години. Модриќ разговараше со семејството и луѓето од најтесниот круг на доверба, по што беше донесен заклучок за неговиот престој во Мадрид.

Анчелоти го обожава

Тренерот Карло Анчелоти го обожава, а бројките докажуваат дека е физички подготвен за најголеми напори и на 37 години, пишува понатаму во текстот со потсетување на вкупно шест гола и шест асистенции на дури 44 натпревари одиграни оваа сезона. Шесте гола во сезоната го израмнува неговиот рекорд од 2020/2021 година.

На одлуката да остане Модриќ му помогна и поддршката од навивачите кои редовно го скандираат неговото име.

„Тоа не остана незабележано во свечената ложа на клубот“, се заклучува.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе