ПАНДЕМИЈАТА НА COVID-19 Е ВО ЕК

Москва се подготвува за парада и референдум, а бројките уште се алармантни

Се ублажуваат рестриктивните мерки за заштита од COVID-19, иако уште е алармантен бројот на заразени и починати.

Градот Москва, епицентарот на заразата со коронавирус во Русија, ги ублажува рестриктивните мерки, додека Кремљ се подготвува за огромна воена парада на Црвениот плоштад и за национален референдум кој се очекува да ја запечати политичката иднина на претседателот Владимир Путин.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, кој е лојален поддржувач на Путин, вчера даде изјава за официјалната градска телевизија во која фалеше уште да прогласи победа над епидемијата. Тој најави постепено намалување на рестрикциите во наредните две недели.

„Спречивме експлозија на пандемијата, обезбедивме масовно тестирање и медицинска нега за ризичните групи граѓани“, рече тој.

„Веќе неколку недели, полека но сигурно пандемијата слабее. Бројот на заразени се намалува и се пуштаат повеќе пациенти во болниците отколку што се примаат. Чекор по чекор, ова ни дозволува да се вратиме на нормалниот живот.“

Во Москва беа воведени строги рестриктивни мерки во март, кога Собјанин забрани движење на граѓаните освен за итни случаи и ги затвори сите продавници и бизниси, освен оние за храна и лекови.

Поради пандемијата, Кремљ неволно ја одложи традиционалната парада по повод Денот на победата, како и референдумот кој во главни црти предвидува укинување на уставното ограничување на бројот на мандати за Путин. Парадата со која се одбележува поразувањето на нацистичка Германија е презакажана за 24 јуни, а референдумот за една недела подоцна.

Од почетокот на јуни бројот на нови заболени од COVID-19 во Москва се движи околу 2.000 на ден, според официјалните владини статистики. Москва е најтешко погоден град во пандемијата: таму се вбројуваат 197.018 од вкупно 476.658 инфекции во земјата, како и 2.970 од вкупно 5.971 смртни случаи заклучно со вчерашните бројки. Русија е трета земја во светот со најголем број заразени со коронавирусот, по САД и Бразил.

Фризерниците и берберниците, ветеринарните амбуланти и гробиштата се отворени од денеска, а една недела потоа ќе бидат отворени и стоматолошките ординации, муеите и библиотеките. Останатите рестрикции за рестораните и теретаните ќе бидат укинати на 23 јуни, еден ден пред воената парада. Жителите на Москва ќе треба задолжително да носат заштитни маски и ракавици во јавност.

Собјанин ги предупреди московјаните дека опасноста од зараза уште постои и ги повика на самосвесност и почитување на мерките за заштита.

Otkrytye Media, повикувајќи се на анонимни владини извори, објави дека градоначалникот на Москва се колебал околу олабавувањето на мерките поради сѐ уште алармантната состојба на епидемијата во градот, но Кремљ го убедил да го направи тоа за да може да се одржат парадата и референдумот.

Лидерот на опозицијата Алексеј Навални, кој беше спречен да го повика народот на протест поради рестриктивните мерки на сила, на Twitter соопшти дека сега ништо не ги спречува да организираат протест против референдумот на Путин.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе