Тренерот на Рома стравува дека аргентинскиот ас нема да биде во можност да му помогне на тимот во финалето од Лига Европа.
Полека наближува 31 мај, денот кога Рома втора сезона по ред ќе игра европско финале - овој пат во Лига Европа. Жозе Мурињо сака втор трофеј со „Волчицата“, но на патот кон реализација на тоа нешто, освен Севиља, сега стои и повредата на Пауло Дибала.
Дибала веќе месец дена се мачи со повреда на глуждот поради што играше малку, а синоќа воопшто не беше во тимот против Салернитана и не им помогна на соиграчите кои киксираа играјќи 2:2. Повредата ја здоби на 24 април играјќи поротив Аталанта и оттогаш настапи на само два натпревара, против Интер во Серија А и против Баер Леверкузен во полуфиналето од Лига Европа, на двата влегувајќи како резерва.
Популарниот Ла Хожа го мачи повреда на глуждот која никако да ја излечи. Сигурно е дека Дибала и лекарскиот тим на Рома ќе направат сѐ за да го опорават за финалето, но Жозе Мурињо не е воопшто оптимист.
„Како е Пауло? Лошо, не знам како ќе биде по десет дена. Дали сум оптимист? Не“, кратко одговори Португалецот на прашањето на DAZN за здравствената состојба на Дибала.
Навивачите на Рома се оптимисти бидејќи сметаат дека Мурињо блефира.
В сабота Рома игра против Фиорентина, па ќе видиме дали воопшто Дибала ќе биде во составот, барем на клупата за резерви.