Инспирација за жените во Кенија

На 99 години почина најстарата ученичка во светот

Најстарата ученичка во основно училиште, Кенијката Присила Ситиени, почина на 99-годишна возраст, објавија локалните медиуми, наведувајќи дека се запишала во селското училиште пред пет години.

Нејзиниот внук, Семи Чепсирор, за весникот Standard изјави дека Гого Присила, како што ја нарекувале, починала во средата во нејзиниот дом, по здравствени компликации.

„Гого беше во добра здравствена состојба и одеше на училиште до три дена пред смртта, кога имаше болки во градите и поради тоа го напушти училиштето“, изјавил внукот, додавајќи дека бабата била гордост за целото семејство.

Присила Ситиени имала 94 години кога успеала да го убеди директорот на училиштето да посетува настава.

Во интервју минатата година изјави дека целта ѝ е да ги мотивира младите мајки во Кенија да се вратат на училиште по раѓањето деца, наместо да се откажат од образование.

„Сакав да бидам пример не само за девојките од Кенија, туку и за другите девојки ширум светот кои не одат на училиште. Без образование, нема разлика меѓу вас и кокошката“, изјави тогаш старицата.

Нејзиниот живот беше тема на францускиот документарен филм „Gogo“, поради кој минатата година за прв пат полета со авион и во Париз ја запозна првата дама на Франција, Брижит Макрон.

Remote video URL
реклама

Најдосадниот град во светот го контролира целиот интернет

Read more

Со Гвардиола си заминува и Гвардиол: Пет играчи од Сити на излезна врата

Read more

Каде во Европа најмногу се крадат автомобили?

Read more

Венера во Рак им носи среќа во љубовта на четири хороскопски знаци од 19 мај

Read more

Живот

Dontodent паста за заби за 49 денари е само почеток: во dm ве очекува широк избор производи по секогаш поволни цени

Read more

Голем неделен хороскоп од 18 до 24 мај 2026 година

Read more

3 хороскопски знаци влегуваат во период на луксуз и богатство

Read more

Работи што треба да ги знаете ако пиете кафе веднаш по будењето

Read more
 

Магазин

Една навика пред спиење може многу да го отежни заспивањето

Читај повеќе

Рецепт за брза вечера: Ризото со печурки

Читај повеќе

Тесла ја одбил најубавата жена на своето време: Бракот не ме интересира, јас одамна сум оженет за науката

Читај повеќе

Венера во Рак им носи среќа во љубовта на четири хороскопски знаци од 19 мај

Читај повеќе

Прекумерната тежина е сериозен ризик фактор за рак на матката

Читај повеќе

Бележник стар 800 години пронајден во средновековен тоалет во Германија

Читај повеќе

Колку вода треба да пиете дневно за да ослабете?

Читај повеќе

Колку треба да трае сексот? Подолго отколку што си мислите

Читај повеќе

Како да направите помфрит во рерна, а да биде како пржениот во фритеза?

Читај повеќе