Најчестите изговори кои жените ги користат за да избегнат секс

Во поголем дел од времето, мажите се расположени за секс, па се добива впечаток дека жените глобално почесто не се расположени за секс активности во креветот.

Секс експертката Трејси Кокс се занимава со најчестите изговори и одговори кои жените ги користат кога не сакаат да имаат секс со партнерот. Откри дека постојат три најчести причини поради кои жените одбиваат секс, но понуди и решенија со кои тоа може да се промени.

1. Не ми е добро / Ме боли главата

Овој изговор стана толку популарен што веќе се користи во серии, филмови и шеги. Секако дека сексот не е баш забавен кога ве мачи мигрена. Но, ако жената овој изговор го користи веќе две недели, треба да посети доктор или отворено да поразговара со партнерот.

2. Имам премногу работа

Постои податок дека 75 проценти од паровите ги обвинуваат работата и обврските , како и  хаосот во животот, за незаинтересираност за секс. Ако немаш време да си посветиш малку себеси, веројатно немаш време ни за секс, бидејќи и тоа е нешто што го правиш за себе.

Како пар, обидете се да создадете заедничко време само за вас двајцата. Наместо заедно навечер да седите пред телевизор, повлечете се порано во спалната соба и искористете го времето на малку поинаков начин.

3. Преуморна сум

Како да водиш љубов кога очите ти се затвораат од умор? Одморете се малку и наместете го будилникот малку порано.

„Воопшто не е лошо да го почнете денот со утрински секс“, вели Трејси и тврди дека штом еднаш го пробате овој начин на будење, повеќе нема да ви треба будилник.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Љубов и секс

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе