Најмладиот македонски фудбалски клуб го прослави првиот роденден

Филип Здравески
/ 16.06.2023 / 10:34

Една година откако Twitter забуната се трансформираше во вистински фудбалски клуб - ФК Слободен прослави прв роденден откако ја одигра и првата сезона.

Веќе нема фудбалски фан во Македонија што не ја знае приказната за формирањето на ФК Слободен - како од фејл на еден твитерџија група фудбалски ентузијасти (меѓу кои и „виновникот“ за фејлот) одлучија да се пробаат на зелениот терен.

Слободен во средата во Трач бар во скопската населба Мичурин во Аеродром го прослави својот прв роденден, во истиот кафич каде една година претходно неколкумина фудбалски ентузијасти и вљубеници во македонскиот фудбал го ставија својот потпис на обемната папирологија за регистрација на клубот.

Се собраа играчите, стручниот штаб, управата, гости и пријатели на клубот, како и неколкумина нови играчи - засилувања за наредната сезона, за која од клубот велат дека ќе атакуваат на висок пласман.

Изминатава 2022/2023, како огнено крштевање на овој нов клуб, тимот ја заврши со 4 победи и едно реми, на 8. место од десет екипи во општинската лига на Кисела Вода, каде припаѓаат и клубовите од Општина Аеродром.

Интересната приказна на овој најмлад македонски фудбалски клуб продолжува, а и покрај тоа што сезоната заврши, тие и натаму секој викенд играат пријателски натпревари - со директен пренос од сите.

Офанзивецот Ѓунер Јусуфи, најдобриот играч на Славија од Пржино, е главното засилување за наредната сезона, и како што велат од клубот - роденденски подарок.

На прославата беа доделени и награди за најуспешните. На добитниците им ги врачија претседателот Анѓел Јанков, тренерот Филип Јаќимоски и неговиот помошник Кирил Зарински.

Наградата за најдобар гол на сезоната ја доби Реџеп Бислим, откако собра најмногу гласови во онлајн гласањето.

Наградата за најдобар играч на сезоната замина кај младиот Дариан Василевски, кој сезонава одигра 14 од 17-те натпревари (најмногу заедно со Мариос Митропетрос), 1.093 минути (најмногу од сите) и ги одигра сите пет натпревари на кои клубот освојуваше бодови (уште само Видал играше на сите). Како десен бек и потоа десно крило, постигна и 1 гол и направи 1 асистенција.

За најдобар стрелец, наградата мораше да се подели бидејќи Мариос Митропетрос и Андреј Митревски постигнаа ист број на голови - по 4.

Клупскиот лекар, д-р Иван Митровски од Напредна Киропрактика, беше видно расположен со дресот. Дали ќе го видиме на терен наредната сезона?

Видал се обиде преку ред да проба од тортата - не му беше дозволено.

Капитенот Рамос беше особено задоволен од новите засилувања.

Претставник од ФФМ ги изненади присутните со своето присуство.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе