Најпознатиот тиктокер покажа како порано заработувал: Верувајте во своите соништа

Најследениот тиктокер, Хаби Ламе, кој воедно е и хафиз на Куранот, се присети на своите почетоци и како заработувал пари и испрати важна порака до своите следбеници.

Младиот комичар има вртоглави 142,8 милиони следбеници на популарната апликација, што го прави најследен профил на TikTok. Сепак, не беше отсекогаш така, а сега покажа како изгледале неговите почетоци.

Хаби на својот Twitter сподели видео од него како работи на градилиште и вози камион. Потоа се наоѓа пред огромен плакат за кампањата на модниот бренд Hugo Boss, со кој потпиша договор на почетокот на годината.

„Никогаш не престанувајте да напредувате и секогаш верувајте во своите соништа“, им порача тој на своите следбеници во објавата која веќе ја прегледале речиси 3 милиони луѓе.

URL

Неговите следбеници ја преплавија објавата со коментари во кои споделија честитки и пофалби за Сенегалецот кој живее во Италија.

„Лудо е како животот може да се промени. Навивам за тебе“, му напиша еден корисник.

Инаку, Ламе почна да снима на TikTok откако ја загуби работата за време на пандемијата на коронавирус. Неговите неми видеа, но пропратени со впечатливи изрази на лицето, исмеваа бројни ситуации и со тоа станаа хит меѓу корисниците.

И покрај тоа што не кажа ниту еден збор, Хаби успешно најде заеднички јазик со своите следбеници, а тоа му отвори многу други врати.

Со брендот Hugo Boss потпиша договор во јануари и беше вклучен во кампањата #BeYourOwnBoss. Модниот гигант го опиша тиктокерот како „повеќе од само уште една ѕвезда на социјалните мрежи“.

Летово Хаби откри и дека не е само муслиман и некој што ја практикува религијата, туку и хафиз на Куранот.

Тој сè уште живее во Италија, каде што неговото семејство се преселило кога имал една година, а државјанството го доби дури неодамна.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе