„Најтажната принцеза на светот“ конечно се врати во Монако

Принцезата Шарлин се врати дома.

„Најтажната принцеза на светот“ рано вчераутро слета на аеродромот во јужна Франција, по ноќниот лет од Дурбан во Јужна Африка, дознава магазинот People.

Принцезата била снимена како излегува од приватниот авион на принцот Алберт во Ница, облечена во црно и со црна маска на лицето.

Принцезата Шарлин слета на аеродромот во Ница со нејзиното куче, а на аеродромот со голем букет цвеќе беше пречекана од нејзиниот сопруг и нивните две деца, шестгодишните близнаци принцот Жак и принцезата Габриела. Потоа со хеликоптер се упатија кон Монако, пренесува францускиот портал Nice-Matin.

Да потсетиме, принцезата Шарлин престојуваше во Јужна Африка повеќе од десет месеци, што поттикна приказни за проблемите во бракот меѓу неа и принцот Алберт. За сите овие десет месеци таа не се појави со принцот Алберт на ниту една официјална церемонија, дури ни на прославата на годишнината од бракот. Децата цело време биле во Монако, а одвреме-навреме беа соопштувани вести за здравствени причини поради кои таа не можела да се врати во Монако.

URL

Своето отсуство од кнежеството Шарлин го оправда со лекарски препораки да не се вози со авион, за да не ѝ се влоши инфекцијата на синусите, која настанала по поставувањето на забен имплант.

Принцот Алберт во нејзино отсуство зборуваше за да ги демантира медиумските написи за проблемите во бракот, чувствувајќи, како што самиот рече, притисокот на јавноста.

Пред да се омажи за принцот Алберт, таа беше успешна пливачка. Принцот Алберт исто така се занимавал со спорт во тоа време и бил лидер на олимпискиот тим за боб санкање. Тие се запознале на натпревар во пливање во Монако во 2000 година.

Шарлин е 20 години помлада од Алберт и знаела за неговата репутација како плејбој, па на почетокот го одбила. Сфаќајќи дека нема да може да ја придобие, принцот продолжил како порано, дури и се верил со друга девојка, но таа веридба била прекината.

Шарлин и тој повторно се сретнаа во Италија, а потоа започнаа врска. За неколку години светските медиуми објавија дека среќната двојка ќе се венча во Монако, но она што се случи пред венчавката тешко се заборава и е прв знак за несреќата која го одбележа животот на Шарлин.

Непосредно пред свадбата, поранешната љубовница на Алберт ја извести јавноста дека со принцот има две вонбрачни деца. Поради тоа Шарлин сакала да го остави, а се зборувало дека трипати се обидела да побегне, но луѓето на Алберт ѝ го одзеле пасошот и не ја пуштиле. Неговите портпароли тоа го негираа.

Од тој момент, принцезата Шарлин продолжи да живее во златен кафез од кој никогаш не успеа да излезе. Таа заплака на својата венчавка, што подоцна го објасни како возбуда, иако фотографиите од церемонијата откриваат длабока тага.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе