Нејмар мора на операција, го пропушта остатокот од сезоната

Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар, околу три месеци ќе закрепнува од скршеницата на десното стапало, изјави денеска докторот на бразилската репрезентација Родриго Ласмар.

Бразилецот играјќи за ПСЖ минатиот викенд, во дербито од француската Лига 1 против Марсеј се здоби со скршеница на прстот, односно го истегна зглобот на десната нога, поради што беше принуден да отпатува дома во Бразил.

Докторот Ласмар го прегледа и одлучи дека фудбалерот ќе мора да оди на операција, која ќе биде извршена во сабота.

„Должината на заздравувањето ќе зависи од тоа како ќе помине операцијата. Сепак, моментално проценуваме дека ќе трае меѓу два и пол и три месеци. Сметаме дека ќе има доволно време да се подготви за настап на Светското првенство“, изјави Ласмар.

Значи, Нејмар би можел да се врати во мај, па се претпоставува дека после овие зборови на докторот, Нејмар сепак, нема да биде во состојба да заигра оваа сезона повторно за ПСЖ.

За потсетување, Бразил првиот натпревар на Светското првенство во Русија ќе го игра на 17 јуни против Швајцарија.

Инаку, Нејмар до повредата, за ПСЖ оваа сезона постигна дури 28 погодоци и може да се пофали со 16 асистенции.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе