Неколку факти за Та' Али, местото каде вечерва Македонија игра со Малта

За Кајгана од Малта: Филип Здравески
/ 12.09.2023 / 15:00

Иако некои медиуми информираат дека Македонија вечерва игра во малтешката престолнина Ла Валета, тоа не е точно. Всушност, натпреварот не се ни игра во град, туку во место.

Фото: Wikipedia

„Граунд Нацјонали Та' Али“ е стадионот каде вечерва Македонија игра многу важен натпревар, иако со далеку послаб противник. Она што е интересно и необично е што натпреварот не се игра во град, ниту во село, ниту пак во населено место.

Та' Али е всушност еден ненаселен отворен простор речиси на средината на најголемиот малтешки остров, кој се вика како и државата - Малта. Но, далеку од тоа дека е неискористен простор.

Ова место без жители содржи неколку малтешки структури. Покрај Националниот стадион, таму е и еден помал стадион наречен „Сентенари“, односно „Стогодишнина“ изграден по повод 100 години фудбал во Малта (1900-2000).

Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Малтешката фудбалска асоцијација (МФА), верувале или не, е една од најстарите во светот, формирана во далечната 1900 година. Нејзината база се наоѓа во подтрибинските простории на стадионот каде вечерва ќе игра Македонија.

Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Тука се наоѓа и Malta Fairs & Convention Center, градба која на Малтежаните им служи за одржување саеми, концерти, конвенции, гала настани, изложби, па дури и свадби. На 6 јуни годинава тука концерт одржа Селин Дион.

Потоа таму се и крафт селото Национален парк „Та' Али“, пазарот „Питкалија“, кој е најпознатиот малтешки зелен пазар, како и американската амбасада.

Со оглед на тоа што островот Малта е долг 27 км, а широк 14,5, во Та' Али брзо се стигнува од било каде. На пример, Та' Али од главниот град Ла Валета е оддалечен 12 км и се стигнува за дваесетина минути. Од холетот каде се сместени мскедонските фудбалери, „Вестин Драгонара“ во градот Сент Џулиан'с, има 13 км.

Иако на малтешки ова место се вика Ta' Qali, локалните жители велат дека буквата Q е безгласна, па затоа изговорот е Та' Али.

Што се однесува до самиот стадион, се работи за навистина прекрасно и средено здание. Собира само 16.997 гледачи, што е сосема доволно за полумилионската Малта.

Фото: Филип Здравески (Кајгана)
Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе