Netflix објави трејлер за „Our Planet“
Како ја доживувате Земјата – планетата која ја нарекуваме наш дом? Колку навистина ја познавате? Документарната серија „Our Planet“ ќе го донесе живиот свет, неверојатните пејзажи и далечните места на вашите мали екрани, придружени со гласот на маестралниот Дејвид Атенбороу.
Серијата „Our Planet“ е снимена на повеќе од 50 локации ширум светот и тоа само во Ultra HD. Преку најновите технологии, неверојатните глетки од Земјата ќе пристигнат директно во вашиот дом.