ЦАФ АФРИКАНСКИ КУП НА НАЦИИ 2023 - БРЕГ НА СЛОНОВА КОСКА

Нов циркус во Африка: Никој во светот не знаеше што се случува на Сенегал - Гамбија

Африканскиот куп на нации е привлечен за некои љубители на фудбалот поради целата таа егзотичност, возбудувања, скандали и сосема неочекувани резултати, а денеска добивме нов циркус.

Бранителот на титулата Сенегал одлично ја започна одбраната на титулата против Гамбија. Поведоа во 4. минута со голот на Папе Геје, и тоа е сѐ што знаеме за овој натпревар.

Причина за тоа е што се прекина преносот за цел свет, како и интернет сигналот од натпреварот кој се игра во Брегот на Слоновата Коска. Sky Sports, кој го емитува сигналот за целиот свет, им се извини на сите гледачи бидејќи сигналот беше прекинат во 25. минута.

Сепак, не е само сопственикот на ТВ правата кој е во неволја. Ниту специјализираните веб-страници кои ги следат резултатите, ниту светските обложувалници кои наведуваат дека „се чека ажурирање“, не знаат ништо за случувањата на натпреварот помеѓу Сенегал и Гамбија.

Прекинот се случи во 25. минута, и потоа настана информативен мрак. Не се знаеше со каков резултат заврши полувремето.

Навивачите на социјалните мрежи порачаа дека ова е целосен срам и непочитување на африканскиот фудбал, а сите се лути на Sky Sports. Сепак, најлогична причина за сето ова се можните проблеми со интернетот на стадионот „Шарл Конан Бани“ во градот Јамусукро.

URL

На крајот имаше среќен епилог. Интернетот и телевизискиот сигнал беа рестартирани во второто полувреме, кога фудбалскиот свет дозна за резултатот и што конкретно се случило на крајот од првото полувреме. Сенегал го задржал водството од 1:0, а црвен картон добил фудбалер на Гамбија.

Прекинот на интернетот и сигналот траеше околу 40 минути, а во меѓувреме беше и полувремето, па на гледачите сѐ на сѐ им беа одземени околу 25 минути фудбал.

На крајот Сенегал славеше со 3:0 откако два гола постигнаа Ламине Камара во 52. и 86. минута. Така, Сенегалците успешно го започна апохопдопт кон одбрана на титулата освоена пред три години во Камерун.

URL

Ова е втор пат за краток период фудбалерите на Гамбија да бидат инволвирани во неславна дешавка, откако претходно го обиколи светот веста за губењето кислород во авионот кога заминаа за првенството.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Фудбал

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Read more

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе