Новата изјава на Рафаел Надал тешко ќе ги погоди тениските фанови

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Рафаел Надал, донесе уште една тешка одлука која навестува крај на неговата кариера, откако се повлече од турнирот во Монте Карло.

Следната недела се игра Мастерс турнирот во Монте Карло, а Надал три дена пред почетокот најави повлекување.

Шпанецот објави изјава која е болна за читање за љубителите на тенисот, велејќи дека телото едноставно не му дозволува да игра.

„Здраво на сите, ова се многу тешки времиња за мене, од спортски аспект. За жал, морам да ви кажам дека нема да играм во Монте Карло. Моето тело едноставно не ми дозволува. Дури и да работам напорно и да се трудам секој ден со сета волја да играм и повторно да се натпреварувам на турнирите кои ми беа многу важни, вистината е дека денес не можам да играм.

Немате поим колку ми е тешко да не можам да ги играм овие настани.

Единственото нешто што можам да направам е да ја прифатам ситуацијата и да се обидам да гледам во блиската иднина додека ја задржувам возбудата и волјата за игра за да им дадам шанса на работите да се подобрат.

Уште еднаш, ви благодарам на сите, како и секогаш, за поддршката и најдобри желби!“, стои во објавата на Надал.

URL

Последниот натпреварувачки меч Надал го одигра во јануари годинава во Бризбејн, на кој му претходеше пауза од една година.

Шпанецот во јуни полни 37 години, а по ваквите најави јасно е дека незапирливо се ближи крајот на неговата играчка кариера.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Rafa Nadal (@rafaelnadal)

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Тенис

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе