Новиот чипсет Snapdragon ќе ги напојува телефоните од средната класа

Минатата година Qualcomm го претстави процесорот Snapdragon 7 Plus Gen 2, кој донесе значително посилни перформанси на телефоните од средната класа.

Сега се појавуваат информации за уште една значајна надградба на чипсетот Snapdragon 7 Plus.

Како што објави типстерот Digital Chat Station на социјалнмата мрежа Weibo, претстојниот процесор Snapdragon 7 Plus (најверојатно Snapdragon 7 Plus Gen 3), ќе ја добие истата архитектура како Snapdragon 8 Gen 3.

Snapdragon 8 Gen 3 е најновиот Snapdragon процесор, кој ги напојува водечките телефони за 2024 година, како што се OnePlus 12 и претстојниот Samsung Galaxy S24.

Snapdragon 8 Gen 3 има чипсет со осум јадра со моќно јадро Cortex-X4, пет средни јадра Cortex-A720 и две мали јадра Cortex-A520. Можно е Snapdragon 7 Plus Gen 3 да ги добие истите импресивни јадра, пренесува Phonearena.

Се очекува пошироко усвојување на Snapdragon 7 Plus Gen 3 во споредба со неговиот претходник. Вториот беше ограничен на одредени телефони од Xiaomi и Realme, како што се Redmi Note 13 Pro и Poco F5.

Snapdragon 7 Plus Gen 3, сигурно, има потенцијал да испорача значителни подобрувања во перформансите на телефоните од средна класа, што би можело да влијае на пазарот со тоа што ги прави подобрите функции попристапни.

Тагови
реклама

Почнува хаос: Нема струја во Шпанија, Португалија и Франција

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Голем финансиски хороскоп за месец мај

Read more

Хардвер

Razer го претстави својот прв вертикален глушец

Read more

Како да препознаете дали вашиот USB-кабел е хакиран?

Read more

Во ЕУ стапува на сила законот за USB-C полначи

Read more

Samsung патентираше таблет со екран што може да се витка

Read more
 

Гик

Apple планира драстични промени за јубилејниот iPhone

Читај повеќе

Зошто сите руски космонаути мочаат на гума од автобус пред да полетаат во вселената?

Читај повеќе

Вештачката интелигенција лаже за тоа како размислува

Читај повеќе

Побиена теоријата за потеклото на водата на Земјата

Читај повеќе

Google Earth од XV век: Приказна за монахот кој го мапирал светот

Читај повеќе

Razer го претстави својот прв вертикален глушец

Читај повеќе

Кина размислува за изградба на нуклеарен центар на Месечината

Читај повеќе

Strava сега може да го предвиди финишот на трката

Читај повеќе
  • filter

OnePlus го претстави паметниот телефон 13T

Читај повеќе