Нуркање: Кратка историја за изумот дизајниран за потребите на шпанската Круна

По откривањето на Америка, патувањата со брод станале сè почести, а со цел да се врати дел од товарот што исчезнал во бродоломи кралевите ги поттикнале пронаоѓачите да дадат решенија што ќе им овозможат на нуркачите да останат под вода што е можно подолго.

Луѓшето од дамнина ги привлекувало морското дно, па не е ни чудо што низ вековите се обидувале да најдат начин како да се движат под вода без ограничувања. Покрај римските нуркачи наречени уринатори, Асирците можеле да се пофалат и со специјална единица воени пливачи кои под вода дишеле со помош на козја кожа. Сепак, ниту еден од нив не можел да нурка долго време и на поголеми длабочини.

Во текот на XVI век, за прв пат бил измислен систем кој му дозволувал на нуркачот да остане под површината на водата долго време. Овој визионерски дизајн го замислил, кој друг ако не, Леонардо да Винчи, а пронајдоците кои подоцна биле користени во пракса настанале како резултат на откривањето на Америка и зачестениот поморски сообраќај - и следствено на тоа, спасувањето на стоки и залихи од многубројните бродоломи.

За таа цел шпанската Круна промовирала разни ефикасни изуми, а пронаоѓачите ги штитела и им нудела ексклузивни права за откуп на пронајдениот потонат товар. Овие мерки го поттикнале развојот на нуркачките одела, што резултирало со бројни иновативни опреми.

Кон крајот на XVI Херонимо де Ајанс поседувал сертификат за привилегија да користи неколку свои пронајдоци, како нуркачки очила и воздушен контејнер со млазници и цевки со вентили за пречистување и снабдување со кислород од површината. Историските извори наведуваат дека тој прво сам ги тестирал своите проинајдоци и тоа пред кралот Фелипе III, а овој настан воедно се смета и за прв успешен тест на нуркачка опрема.

На почетокот од XVII век уште двајца шпански пронаоѓачи креирале изуми кои на нуркачите им овозможувале подолго задржување под вода. Првиот, шпанскиот воен инжинер стациониран во Фландрија, Диего де Уфано, своето решение го претставил во 1613 година, а во неговото дело „Трактат за артилерија“ може да се најде и илустрација на нуркач опремен со јакна од козја кожа со качулка и полирани леќи направени од рогови со цел полесно да се гледа морското дно. Нуркачот дишел низ црево кое извирало над површината на водата.

Само децении подоцна и секретарот на кралот, Педро де Ледесма, во својот ракопис детално ја образложил целта на својот пронајдок - нуркачко одело кое се користело за спасување товар од Сребрената флота потоната во Матакумбе, а кој на нуркачите на оваа важна мисија им овозможувал да се спуштат на длабочина помеѓу 26 и 42 метра за временски период од 4 часа.

Еден век по првичните откритија се појавиле подобрени верззи со мевови и црева, кои овозможувале постојан проток на воздух и ги поставиле темелите за модерното нуркачко одело со шлем кое во 1818 година го создал Германецот Аугустус Зибе, кој бил британски државјанин кога работел на овој пронајдок.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе