Објавен првиот трејлер за „Birds of Prey“ со Марго Роби
Warner Bros. го објави првиот трејлер за „Birds of Prey“ со Марго Роби во главната улога како Харли Квин.
Во новиот DC Comics филм Харли Квин ќе биде во друштво на херои кои ќе имаат задача да ја штитат младата Касандра Каин (Ела Џеј Баско) од негативци како Блек Маск (Еван Мекгрегор) и Виктор (Крис Месона.
Покрај Марго Роби ќе се појават и Мери Елизабет Винстед и Рози Перез. Филмот е во режија на Кети Јан. Премиерата е закажана за 7 февруари 2020 година.