Објавена снимка: „Готвачот на Путин“ регрутира затвореници за војната во Украина

Вчера на неколку канали на Telegram се појави видео од Евгениј Пригожин, попознат како „Готвачот на Путин“, кој ја води озлогласената руска приватна воена компанија „Вагнер“.

На видеото се гледа како Пригожин им се обраќа на затворениците на руски и им нуди да се пријават за учество во војната во Украина.

„Ако преживеете шест месеци, ќе бидете ослободени“

Обраќањето на Пригожин до затворениците беше преведено од руски на англиски од новинарот на The Wall Street Journal, Јарослав Трофимов.

„За првпат се појавија снимки од регрутирањата на Пригожин за ‘Вагнер’ во руски затвор. Сосема лудо. ‘Никој не се враќа зад решетки. Ако отслужите шест месеци, слободни сте. Ако дојдете во Украина и одлучите дека тоа не е за вас, сами ќе ве погубиме“, напиша Трофимов на Twitter, преведувајќи ги зборовите на Пригожин.

Објавеното видео очигледно ги потврдува претходните извештаи на The Wall Street Journal дека Пригожин, олигарх и близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, регрутира затвореници за да учествуваат во војната во источниот регион Донбас во редовите на „Вагнер“.

Без дезертерство, пљачкање, алкохол, дрога, секс

Понудата на Пригожин до руските затвореници содржи неколку услови. „Првиот грев е дезертерството. Никој не се повлекува, никој не се предава, никој не смее да биде заробен. За време на обуката ќе ви кажеме за двете бомби што мора да ги имате со себе доколку ве фатат“, вели Пригожин.

Ако прифатат да одат во војна, затворениците не смеат да се дрогираат или да консумираат алкохол и мора да се воздржат од пљачкање и, како што рече Пригожин, „сексуален контакт со локалните жени, флора, фауна или мажи“.

Интересно е и како Пригожин ја опишува војната во Украина - потешка од војните што СССР и Русија ги водеа во Авганистан и Чеченија.

„Трошиме 2,5 пати повеќе муниција отколку што беше потрошена во битката за Сталинград“, им вели Пригожин на затворениците.

„Готвачот на Путин“ наведува дека „Вагнер“ прифаќа апликации од мажи на возраст од 22 до 50 години, но ги прифаќа и помладите ако имаат писмо со согласност од семејството.

Може да се пријават и сексуални престапници

„Зависниците се исто така добредојдени, но тие ќе бидат предмет на дополнителен мониторинг, кој вклучува детектор за лаги за да се утврди нивната стабилност“, вели Пригожин, додавајќи дека може да се пријават и сексуалните престапници.

„Ние сме многу внимателни околу нив, но разбираме дека луѓето грешат“, вели Пригожин и во обид да регрутира затвореници, тој зборува за првата акција на „Вагнер“ во Украина во која учествувале затвореници.

„Првите затвореници што се бореа со нас, тоа беше на 1 јуни во електраната Вулехирска, тоа беа 40 затвореници од Санкт-Петербург. Казнена колонија со висока безбедност, рецидивисти. 40 од нив влегоа во непријателските ровови, ги нападнаа со ножеви. Тројца загинаа, седуммина беа ранети. Еден од тројцата загинати имаше 52 години, пред тоа одлежа 30 години затвор. Умре како херој“, вели Пригожин.

URL
реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за помош за настраданите од Кочани

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Лето 2025: Каде ќе поминете најевтин одмор во Грција?

Read more

Свет

SWISS откажува 1.400 летови поради недостиг на пилоти

Read more

Медински: Русите секогаш го добиваат своето

Read more

Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен

Read more

Шанса за мир: Кои се очекувањата од преговорите во Истанбул?

Read more
 

Вести

Пукал со воздушна пушка кон деца кои му береле цреши во дворот

Читај повеќе

SWISS откажува 1.400 летови поради недостиг на пилоти

Читај повеќе

30 години смеа со К-15, шоу за паметење во Борис Трајковски

Читај повеќе

Претседателот на BALFIN Group единствен претприемач од регионот на FII PRIORITY Europe Summit

Читај повеќе

Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Читај повеќе

Лосон демантира, Македонија нема да прифаќа мигранти од Британија

Читај повеќе

Медински: Русите секогаш го добиваат своето

Читај повеќе

Ахмети му порача на Мицкоски дека Албанците не се гости во оваа држава

Читај повеќе

Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен

Читај повеќе