Османи: Димитров да се занимава со историја, а не со политика

Ангел Димитров не е политичар, туку е историчар, и му препорачувам да се занимава со историја, а не со политика, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во одговор на новинарско прашање за коментар на тврдењето на Димитров дека земјава не се однесува како кандидат за членство во ЕУ.

Министерот Османи нагласи дека еден од основните принципи на Договорот со Бугарија е овие две работи да бидат поделени - политиката на политичарите, а историјата на историчарите.

– Ангел Димиров очигледно покажува некоја политичка амбиција, но, уште еднаш да кажам да се концентрира на следниот состанок на историската комисија, да се подготвува, бидејќи има кој да зборува за политиката, рече Османи, по завршувањето на настанот на кој заедно со косовскиот амбасадор засадија 13 дрвја во знак на 13-годишнината од воспоставувањете на дипломатски односи меѓу двете земји.

Ангел Димитров денеска изјави дека во моментов Република Северна Македонија не се однесува како кандидат за членство во ЕУ.

– Самото потсетување на ЕУ до РСМ, иако со една фраза: дека мора да го почитуваат Договорот за добрососедство со Бугарија, ширум ја отвора вратата за нашите приговори и барања кон земјата, рекол тој во емисијата „Брисел 1“ на ТВ „Бугарија Он еир“.

Ангел Димитров е копретседавач од бугарскиот дел на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе