Остар пад на Волстрит

Берзанските индекси остро паднаа на Волстрит во четвртокот, бидејќи инвеститорите, веќе неизвесни за претстојното зголемување на каматните стапки на ФЕД, дополнително беа вознемирени од повторната ескалација на тензиите меѓу САД и Русија околу Украина.

Dow Jones падна за 622 поени, или 1,78 отсто, на 34.312 поени, додека S&P 500 потона за 2,12 отсто, на 4.380 поени, а индексот Nasdaq падна за 2,88 отсто, на 13.716 поени.

Остриот пад на индексот е резултат на обновените тензии меѓу САД и Русија околу Украина.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави вчера дека заканата од руска инвазија на Украина е многу голема. Изјавата дојде откако украинските сили и проруските сепаратисти разменија оган долж линијата на одвојување, што Западот го гледа како можна причина Москва да ја нападне Украина.

Русија негира дека планира инвазија, но рече дека би можела да преземе некои воено-технички мерки доколку не се исполнат голем број од нејзините барања, вклучително и ветувањето дека Украина никогаш нема да биде примена во НАТО.

Така, тензиите меѓу САД и Русија повторно се интензивираа, откако во претходните денови тие малку се намалија бидејќи Русија повлече дел од својата војска од украинската граница.

Инвеститорите веќе со недели се неизвесни бидејќи се очекува американската централна банка агресивно да ги зголеми каматните стапки, со оглед на тоа што инфлацијата во САД го достигна највисокото ниво во последните 40 години.

„Има голема нервоза на пазарот како што се приближува викендот, а ништо не е решено меѓу Русија и Украина. Пазарот е слаб и нервозен, така што има поголема понуда за продажба отколку за купување на речиси секоја акција“, вели Мајкл Џејмс, извршен директор во Wedbush Securities.

Меѓу 11-те најважни сектори на индексот S&P 500, цените на акциите вчера пораснаа само во два одбранбени сектори, услужниот и трговскиот.

Цените на акциите вчера паднаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индекс се намали за 0,87 отсто, на 7.537 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,67 отсто, на 15.267 поени, а париски CAC 0,26 отсто, на 6.946 поени.

Тагови
реклама

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе