Откриени тајни премини и ритуални одаи на мистериозна древна култура во Перу

Археолози открија комплекс од скриени премини и галерии длабоко во древниот комплекс на храмот Чавин де Хуантар во перуанските Анди.

Експертите сметаат дека мрежата на одаи и галерии била користена во религиозни ритуали во кои веројатно се користеле психоделични дроги.

„Ова е прв патпо околу 3.000 години некој да зачекори во овие премини. Некои од темните и изолирани одаи можеби се користеле за сетилна депривација, додека во поголемите веројатно се обожавал некој идол“, вели археологот Џон Рик од Универзитетот Стенфорд.

„Овие премини, ходници, одаи, ќелии и ниши обложени со камен се доволно големи за да се мине низ нив и се покриени со камени греди. Галериите имаат различни функции, но сите тие се поврзани со ритуални активности“, додаде тој.

Рик објасни дека новооткриените премини не биле тунели бидејќи во тоа време не биле закопани во земјата. Наместо тоа, тие биле намерно вметнати во огромен комплекс кој бил изграден во различни фази помеѓу 1200 и 200 година п.н.е.

Вкупно 36 галерии и премини се пронајдени во Чавин де Хуантар за време на 15-годишното ископување, но оваа најнова мрежа беше откриена само пред неколку години, а беше истражена дури годинава.

Древен храм

Археолозите веруваат дека Чавин де Хуантар бил религиозен центар за мистериозниот народ Чавин, кој живеел во северните и централните делови на денешен Перу пред 3200 и 2200 години. Комплексот се наоѓа на околу 430 километри северно од Лима, во планинска долина на надморска височина од повеќе од 3000 метри и е најголемиот од неколкуте верски објекти од оваа популација пронајдени досега.

Рик рече дека најновите премини првпат биле откриени во 2019 година и првично биле истражени со помош на камера на далечински управувач. Поради пандемијата, подетално истражување не беше можно до мај оваа година, кога археолозите за првпат влегоа во овие мистериозни премини, пишува Live Science.

Премините водеа до главната галерија каде што се наоѓаа два големи ритуални камени садови, од кои едниот беше украсен со симболична глава и крилја на кондор, голема птица грабливка. Затоа оваа галерија го добила името Галерија Кондор.

„Сега ја документиравме галеријата, но имаме уште многу да истражиме. Ќе започнеме со големи ископувања следната година. Галеријата оди подлабоко од другите кои беа откриени порано и изгледа постаро", рече Рик.

„Галеријата Кондор се чини дека е стара најмалку 3.000 години и веројатно била официјално запечатена во тоа време“, додаде тој.

Remote video URL
Мистериозна религија

Малку е познато за верувањата на народот Чавин, но новооткриените премини и галеријата се чини дека имале религиозна цел, како и другите одаи претходно пронајдени во Чавин де Хуантар.

„Заедно со премините, има неколку мали комори кои би можеле да се користат за сензорна депривација или ритуална визуелна, аудитивна и тактилна дезориентација“, рече Рик.

„Други одаи се користеле за обожавање на идоли или за складирање на ритуална опрема, како што се познатите врежани труби направени од огромни школки. Различни премини и галерии претходно биле пронајдени во верски објекти од слична старост на Андите, но тие биле помали и поедноставни структури“, рече Рик.

Антропологот и археолог Ричард Бургер од Универзитетот Јеил рече дека психоделичните дроги што се користат во религиозните церемонии веројатно се мелени во садовите во галеријата Кондор.

„Чавин имале традиција да вдишуваат халуциногени дроги направени од мешунки кои содржат моќна халуциногена супстанца која содржи диметилтриптамин или DMT“, рече Бургер.

DMT е силна психоактивна супстанција. Ако се проголта со пушење, вдишување или инјектирање, може да предизвика посебни психоделични искуства, вклучително и халуцинации.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе