Педесет години од The Godfather на 25-тиот Скопје филм фестивал

Во рамки на годинашната програма на 25-тиот Скопје филм фестивал ќе биде одбележана 50-годишнината од првиот од серијалот „The Godfather“ (1972) во режија на Френсис Форд Копола. Главните улоги ги толкуваат Марлон Брандо, Ал Пачино, Џејмс Кан, Роберт Дувал, Роберт де Ниро, Дајан Китон, Бриџит Фонда, Софија Копола и други. Трите филма од серијалот ќе бидат прикажани денека, утре и в среда во Кинотека, со почеток во 20 часот.

– Кога еден филм не само што станува култен, туку со текот на годините и децениите неговото значење и влијание постојано расте, тогаш сведочиме на редок феномен во историјата на филмот. Денес, за да дојдете до базичното прашање во врска со „The Godfather“ и неговите две продолженија, мора да ги „расчистите“ бројните наслаги од информации, митови, урбани легенди, анегдоти, изреки кои ги знаат сите… Најголемиот феномен на „The Godfather“ е тоа што филмот како да е „роден“ со таа патина во 1972 година, препознатлива изминативе 50 години, информираат од фестивалот.

„The Godfather“ (Кум) ги освои Оскарите за најдобар филм, најдобра главна машка улога (Марлон Брандо) и најдобро адаптирано сценарио (Копола, Пузо), а бил номиниран во уште осум категории.

Репутацијата на „The Godfather“ кај критичарите и филмофилите низ децениите постојано растела и филмот одамна е дел од Националниот филмски архив на американската Конгресна библиотека како уметничко дело со посебна вредност, а во рангирањето на Американскиот филмски институт е на второто место, зад вечно првиот „Citizen Kane“ (Граѓанинот Кејн - 1941) на Орсон Велс.

Две години по огромниот успех на „The Godfather“, во 1974 година компанијата Paramount Pictures вложува двојно повеќе пари (буџетот е 13 милиони долари) во продолжението, а салдото на кино-благајните во светот е нешто помалку од 50 милиони долари.

Remote video URL

„The Godfather Part II“ освоил 6 Оскари – најдобар филм, режија, машка споредна улога Роберт де Ниро, адаптирано сценарио, сценографија – Дин Тавуларис, Анџело Греем, Џорџ Нелсон, музика – Нино Рота и Кармајн Копола, а бил номиниран уште во пет категории . Во „The Godfather Part II“ прв пат настапуваат двете актерски икони, Пачино и Де Ниро, но без заедничка сцена, и филмскиот свет ќе чека повеќе од 20 години повторно да ги види нивните имиња заедно на најавната шпица во „Heat“ (Жештина - 1995) на Мајкл Мен.

Третиот дел од сагата за семејството Корлеоне излезе во 1990 година, а хроничарите бележат дека  причина за тоа се парите. „The Godfather Part III“ забележал солидни 136 милиони долари на кино-благајните, а Копола 30 години подоцна ја објавил неговата верзија под наслов „The Godfather Coda: The Death of Michael Corleone“, која по кратката кино-дистрибуција завршила на ДВД и на блуреј. Третиот дел забележал седум номинации за Оскар, прв пат бил номиниран и директорот на фотографија Гордон Вилис, но не добил ниту еден.

– Сагата „The Godfather“ одамна стана референца во историјата на филмот, своевидна жанровска дата-база и параметар за успех. Или, едноставно, ремек-дело, посочуваат од фестивалот.

Детален распоред на програмата на Скопје филм фестивал може да се погледне на www.skopjefilmfestival.com.mk и на Facebook страницата на фестивалот.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Култура

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Read more

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Read more

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Read more

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе