КОМЈУНИТИ ШИЛД 2023

Пеп: Ако вака го надополнуваат времето ќе се игра до 9 часот наутро

Макфакс/Кајгана
/ 07.08.2023 / 09:32

Манчестер Сити го загуби третиот Комјунити шилд во низа, овој пат против Арсенал. Во претходните две години загубија од Лестер и Ливерпул, но губењето на овој трофеј не значи ништо за Пеп Гуардиола. Тоа го покажа со изјава по натпреварот, а се пожали и на новите правила.

Сити секунди ги делаа од победа, имаа водство со голот на Палмер во 77. минута, а Арсенал израмни во 101. минута, односно во 11-тата од судиското надополнување. Потоа „Топчиите“ беа подобри во пенал-рулетот. Четворица играчи на Арсенал погодија, додека кај Сити промашија Кевин Де Брујне и Родри.

По дуелот, менаџерот на „Граѓаните“ не беше премногу разочаран и јасно стави дознаење дека не му е важно што три години по ред не успева да о освои англискиот суперкуп.

Му честиташе на Арсенал, а потоа се пожали на судиското надополнување на времето во второто полувреме.

Судијата Стјуарт Атвел реши да го продолжи натпреварот за осум минути, поради повреди се играше многу подолго, но тоа е сѐ според новите правила на Премиерлигата.

„Тие ги продолжуваат натпреварите поради постигнатите голови. Ако додадете 30 или 45 секунди за секој постигнат гол, тогаш во натпревар кој ќе заврши 4:3 ќе бидете на теренот до 9 часот следниот ден“, се жалеше Пеп и дополни:

„За ова треба да се разговара на меѓународно ниво. Никој ништо не ги прашува тренерите, ниту играчите. Дојди играј и прифати ги правилата…“, заврши тој.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе