Петдневна диета го уништува салото на стомакот и го забавува стареењето

Ф.З.
/ 10.03.2024 / 11:52

Петдневната диета за „ресетирање“ која ги имитира ефектите од постење, а истовремено ви дозволува да јадете, ветува дека ќе ги отстраните мастите од стомакот и ќе го забавите стареењето.

Луѓето што ја следеле оваа диета пет дена секој месец во текот на три месеци можеле да го забават стареењето во просек за две и пол години, велат американските научници.

Постот вклучува воздржување од храна, а истражувањата го поврзуваат наизменичното постење со здравствени придобивки како што се губење на тежината, подобрување на здравјето на срцето и одржување на нивото на шеќер во крвта пониско.

Да се биде со часови без храна може да биде тешко, а некои од нас едноставно не се создадени да го прават тоа во секојдневниот брз начин на живот.

Развиена од проф. Валтер Лонго, биогеронтолог и директор на Институтот за долговечност при Универзитетот „Јужна Калифорнија“ (УСЦ), диетата наречена Fasting Mimicking Program „Програма за имитација на пост - ФМД) има за цел да ги обезбеди придобивките додека сè уште ви дозволува да јадете.

Петдневниот план за оброци е богат со незаситени масти и ниски вкупни калории, протеини и јаглехидрати, и е дизајниран да ги имитира ефектите од постењето само со вода додека обезбедува основни хранливи материи, велат научниците од УСЦ.

Се состои од билни супи, енергетски барови, енергетски пијалаци и чај, како и додатоци кои обезбедуваат минерали, витамини и есенцијални масни киселини.

Луѓето што ја следат оваа диета консумираат 1.100 калории првиот ден и 800 калории од вториот до петтиот ден. Оваа комбинација го става телото во режим на пост, што значи дека ги користите масните клетки како гориво.

Сто луѓе на возраст меѓу 18 и 70 години следеле план за исхрана три или четири месеци, се хранеле нормално 25 дена секој месец и држеле диета пет дена.

Нивните резултати беа споредувани со луѓе на кои им беше наложено да јадат нормална или медитеранска исхрана во истиот период. Според научниците од УСЦ, оние што ја следеле ФМД диетата ја намалиле својата биолошка старост во просек за 2 и пол години.

„Оваа студија за прв пат покажува докази за биолошко намалување на старост од две различни клинички испитувања, придружени со докази за подмладување на метаболичката и имунолошката функција“, рече професорот Лонго.

Се чини дека следбениците на ФМД ги намалуваат нивните ризични состојби, како што е дијабетесот, бидејќи тестовите покажаа пониски нивоа на отпорност на инсулин.

Нивните наоди беа објавени во списанието Nature Communications. Според професорот Лонго, постот е ефикасен во исфрлањето на салото од стомакот без да влијае на мускулите.

„Во просек, општата популација губи 3-4 килограми тежина, главно масти, по три циклуси на петдневен ФМД. Оваа диета може да биде одлична за управување со тежината, особено затоа што не бара несакани промени во вашата дневна исхрана, а може да се следи кога човек е подготвен за тоа“, додаде тој.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фит

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Кога треба да пешачите за да слабеете?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе