Pfizer повлече три лекови поради соединенија кои предизвикуваат рак

Pfizer објави дека повлекува три од своите лекови за висок крвен притисок од пазарот.

Станува збор за Accuretic и неговите две генерички верзии дистрибуирани од Greenstone.

Pfizer самостојно одлучи да ги повлече таблетите кои содржат повисоки нивоа на нитрозамини, соединенија кои можат да доведат до развој на рак. Но, компанијата во соопштението рече дека „не постои таков непосреден ризик за пациентите кои го земаат овој лек“.

„Нитрозамините најчесто се наоѓаат во водата и храната; во сувомеснати и млечни производи и во зеленчук. Секој е изложен на одредено ниво на нитрозамин. Овие нечистотии може да го зголемат ризикот од рак доколку некој е изложен на нив во големи количини во подолг временски период“, соопшти фармацевтската компанијата.

Pfizer додаде дека досега нема извештаи за негативни ефекти по употребата на гореспоменатите лекови за висок крвен притисок и дека овие производи имаат безбедносен профил врз основа на повеќе од 20 години искуство.

Ги советуваат пациентите кои досега ги земале нивните лекови да се консултираат со својот лекар за алтернативни терапии.

Нитрозамините во лековите се формираат во процесот на производство, поради одредени хемиски реакции. Ги наоѓаме во храната, тутунот, козметиката, водата, воздухот, земјоделските хемикалии.

Најмногу сме изложени на нив преку пушењето и тутунските производи, а најчесто преку исхраната која вклучува сувомеснати производи, пржена и пушена конзервирана храна. Нитрозамините во водата за пиење, воздухот и козметиката се присутни во прилично ниски концентрации.

Тагови
реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Бизнис

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

Read more

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Read more

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Read more

Волстрит достигна рекордни нивоа

Read more
 

Вести

Италијански супервулкан го погоди најсилниот земјотрес во последните 40 години

Читај повеќе

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

Читај повеќе

Бајден: Она што се случува во Газа не е геноцид

Читај повеќе

Сончево и топло време преку ден, попладне краткотројно невреме

Читај повеќе
  • filter

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Читај повеќе

МакеДокс е во потрага по шестата генерација Докуникулци

Читај повеќе

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Читај повеќе

Нови детали за трагедијата во Иран: Технички дефект е причина за падот на хеликоптерот

Читај повеќе

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Читај повеќе