Пирло: Преферирам пораз отколку да се бранам цел натпревар

Поранешниот стратег на Јувентус вели дека научил многу од авантурата во Торино, но и дека и натаму останува на ставот дека е подобро да се изгуби отколку да се помине натпреварот во 90-минутно бранење.

Андреа Пирло издржа само една сезона на клупата на „Старата дама“ откако претходно на големо изненадување го замени Маурицио Сари, иако далеку поискусниот стратег го освои Скудетото.

„Доколку не ја контролираш играта, тешко е да си мислиш дека ќе победиш. Се разбира, понекогаш има случаи кога имаш 90% посед и од единствениот удар твојот противник постигнува гол, но јас преферирам да изгубам така отколку целиот натпревар да го поминам во бранење на мојот шестнаесетник и обидувајќи се да постигнам гол на контри“, вели Пирло.

„Нема да ја променам тактиката само поради тоа што некои резултати не беа добри. Сѐ уште на истиот начин мислам за играта - да се игра од назад, да се задржува топката и колку е можно побрзо да се враќа поседот“.

„Многу зависи од тоа какви играчи имаш на располагање и што се тие кадарни да направат. Играчите се многу поважни од тренерите. Тренерите се тие кои треба да се адаптираат“, објаснува тој.

Минатата сезона не успеа да го одбрани Скудетото, а разочара и во Лигата на шампионите. Но, како за утеха успеа да ги крене пехарите од Суперкупот и од Копа Италија. И покрај тоа, управата се реши да се раздели со него.

„Научив многу. Тоа беше мое прво искуство како тренер, но беше многу напнато бидејќи сезоната ја почнавме со само еден пријателски натпревар. Сѐ се одвиваше многу брзо. Игравме на секои три дена, без навивачи, без да се одмориме и без да можеме убаво да тренираме и да се подготвиме за наредниот натпревар. Беше тешко да се пробуваат нови работи. Рехабилитацијата после натпревар е многу важна“, заврши италијанскиот стратег.

Пирло засега е без ангажман, а се шпекулира дека би можел да седне на клупата на некој клуб од американската МЛС.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Каков нов симбол се појави на руските тенкови?

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Фудбал

Жирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во Лигата на шампиони

Read more

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Read more

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Read more

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Read more
 

Спорт

Жирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во Лигата на шампиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Читај повеќе
  • play_arrow

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Читај повеќе

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Читај повеќе
  • play_arrow

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Читај повеќе

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Читај повеќе

Како пензионираниот Азар уште ја полни касата на бившиот клуб?

Читај повеќе

Голем удар за Аѕурите: Ѕаниоло го пропушта ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Читај повеќе