Повредата која ја претрпе Нејмар за време на првенствениот натпревар против Лил во средината на февруари може да влијае на остатокот од неговата кариера.
Француските медиуми пишуваат дека парискиот клуб со задоволство би се ослободил од него во вносен трансфер, но дека сега стравуваат дека нема да можат да го сторат тоа.
Напаѓачот на францускиот фудбалски шампион Париз СЖ и бразилскиот репрезентативец Нејмар ги оштети лигаментите на десниот скочен зглоб, поради што мораше да оди на операција. Прогнозата на клубот беше опоравување од веројатно четири месеци, но сега се наведува дека Нејмар би можел да закрепнува уште подолго. Ова ги нарушува плановите на францускиот шампион.
Парижаните наводно сакаат да го продадат Нејмар, а неговата последна повреда докажа дека е подложен на повреди. Ова може да влијае на резултатите од евентуалните лекарски прегледи на заинтересираните страни и да резултира со негово останување во клубот.
Нејмар одлично ја започна сезоната и во нејзиниот прв дел постигна 11 гола со девет асистенции. Ситуацијата за него се промени на полошо по враќањето од Светското првенство.