I/O конференцијата на Google започнува на 10 мај, а вториот ден ќе биде претставен новиот смартфон од средната класа наречен Pixel 7a.
Неговите спецификации „протекоа“ на интернет пред официјалната премиера.
Pixel 7a ќе биде првиот во серијата „a“ со главна камера со висока резолуција (64 MP), првиот со екран со стапка на освежување од 90 Hz и првиот со поддршка за безжично полнење (18W). Ова се значителни подобрувања во споредба со минатогодишниот модел Pixel 6a.
Покрај тоа, неговите спецификации се многу блиску до флегшип моделот Pixel 7, кој излезе пред помалку од една година. Се напојува со процесор Tensor G2, но сè уште нема детали за RAM и внатрешната меморија.
Pixel 7 лани чинеше најмалку 600 долари, додека Pixel 7a се очекува да чини 500 долари. Ова не е неочекувано со оглед на големите подобрувања што ги носи.
Во споредба со Pixel 7, Pixel 6a има помал екран од 6,1 инчи во споредба со 6,3-инчниот панел на предводникот, но во двата случаи станува збор за FHD+ 90Hz AMOLED дисплеј.
Главната камера со висока резолуција има подобар Super Res Zoom, а уредот поддржува и брзо полнење.
Следната недела Google ќе го претстави Pixel 7a, како и својот прв смартфон на преклоп.